По јавен превоз, Скопје може набрзо да остане и без греење: Познат е проблемот – тешко би можел да се реши?









Претседателката на ДОМ и пратеничка Маја Морачанин во интерес на здравјето на граѓаните, бара топланите во Скопје да продолжат да работат на гас.

Морачанин, која во неделата доби втор мандат како претседателка на оваа партија, во интервју за МИА вели дека ќе инсистираат да се почитуваат нивниот став и барање работата на топланите да продолжи на гас и да не се префрлуваат на дизел или мазут, коишто навистина многу загадуваат, бидејќи тоа многу ќе се рефлектира на загадувањето на воздухот во Скопје.




– Состојбата е тешка и затоа велам ова се прашањата коишто се од интерес за граѓаните. Јас за тоа зборував не само во коалицијата, туку и на лидерската средба која ја организираше премиерот Ковачевски со сите претседатели на политичките партии во Парламентот и го истакнав ова прашање, односно барање дека без разлика на цената на гасот, бидејќи состојбата е дека еве гас може да се снабди само по таа цена на берзите и што е поисплатливо, нашиот став како ДОМ и наше барање беше да продолжи работата на топланите во Скопје на гас, да не се префрлуваат на дизел или мазут коишто навистина многу загадуваат и тоа се рефлектира дефинитивно многу на загадувањето на воздухот во Скопје, рече Морачанин.

Тоа е, вели Морачанин, ставот што ние го наметнавме и ќе инсистираме да се испочитува без разлика на цената.




– Дури и да биде поскапо затоплувањето со гас, во интерес на здравјето на граѓаните да продолжат топланите да работат на гас, изјави Морачанин.

Таа нагласува дека работењето на гас ќе биде поисплатливо отколку потоа граѓаните да се лекуваат, посочувајќи дека треба да се гледа и тој аспект.




– А во однос на цената реков, нека биде и поскапо, но да ги заштитиме граѓаните. И тоа не е само за Градот Скопје, бидејќи во Градот Скопје секојдневно гравитираат многу луѓе заради образование, заради работа итн. Така што голем број на наши граѓани од Македонија се подложни на загадувањето на воздухот во Скопје, рече претседателката на ДОМ.

На оваа тема Морачанин зборувала и со министерот за животна средина и нејзини очекувања се дека топланите ќе продолжат да работат на гас.




– Исто така и министерот за животна средина инсистира на ова и Владата мислам дека ќе постапи во таа насока, така што очекувам топланите да продолжат да работат на гас. Никој не може да предвиди со војната во Украина и како ќе се развиваат тие состојби ако нема воопшто снабдување со гас, но не очекувам тоа да се случи по сите најави што ги добиваме, што ги слушаме дека сепак ќе има снабдување со гас, изјави Морачанин.




Од друга страна и покрај овие заложби и барања на претседателката на ДОМ Морачанин до надлежните топланите во главниот град да работат само на природен гас, денеска топланата Север престана да работи, до дека Исток и Запад топланите информираа дека тие имаат гас за уште еден ден поради што ЕСМ досега не објави тендер за набавка на течното гориво.




Од ЕСМ велат дека нема да има никакви проблеми со греењето, иако во топланите Исток и Запад има гас за само еден ден.

ЕСМ од почетокот на грејната сезона ја презеде обврската зимава да ги снабдува топланите Исток и Запад со гас и тоа го прави на кратки периоди од по две недели. Надлежните уверуваат дека ваквиот начин на набавка во моментов е подобар, со оглед на брзите и големи промени во цената на гасот на пазарот.




ЕСМ на 12 ноември соопшти дека купи гас со кој ќе се покрие производството на топлинска енергија до крајот на месецот и дека набавките ќе продолжи да ги прави за покуси временски периоди за да се искористи падот на цената на енергенсот. Од тогаш нема информација за нова набавка.

Русија тргна против Македонија: ЗАБРАНЕТ увоз на јаболко од нашата држава









Росселхознадзор“ од 1 декември воведува привремени ограничувања за испорака на сите растителни производи од Македонија во Русија во врска со откривањето на кафеава мермерна бубачка во јаболката од земјава. Ова се наведува во пораката на ресорот.




„Од 1 декември 2022 година, Роселхознадзор забранува увоз во Русија на растителни производи од Република Македонија и производи со потекло од оваа земја, но увезени под фитосанитарни сертификати од други држави.




Мерките беа преземено поради идентификација на исклучително опасен, за Русија и земјите членки на Евроазиската економска унија инскет – кафеава мермерна бубачка (Halyomorpha halys) во јаболка увезени од Македонија“, се вели во извештајот.




Кафеавата мермерна бубачка е опасен штетник кој им се заканува на различни видови земјоделски производи, што може да доведе до намалување на приносите до 80 отсто од вредните култури, вклучително и житарките и овошјето, наведува агенцијата.




Штетата за руското земјоделство во зоната на потенцијална штетност на кафеавата мермерна бубачка може да биде и до 2 милијарди рубљи годишно, додава Росселхознадзор.

Извор: Либертас

Доцна вечерва, само што заврши седницата на Влада – донесени ВАЖНИ ОДЛУКИ: Еве за што се работи









Владата на Република Северна Македонија, на денешната седница го разгледа и усвои Предлог на законот за ратификација на Договорот за соработка во областа на механизмите за безбедност со храна во Западен Балкан предложен од Министерството за надворешни работи.




Со овој Договор, членките на иницијативата „Отворен Балкан” ја потврдуваат неопходноста од соработка за спречување и ублажување на потенцијалниот недостиг од основни земјоделско-прехранбени производи, предизвикан од потенцијална кризна ситуација во регионот или криза која влијае на глобалниот пазар и се одразува на регионот и воедно се согласни дека нема да има забрани за тргување со основни земјоделско, прехранбени производи мeѓу членките на иницијативата „Отворен Балкан”.




На предлог на Министерството за внатрешни работи, Владата ја разгледа и усвои и Информацијата во врска со потребата од потпишување Аранжман за спроведување на Заеднички акциски план за борба против тероризам во Западен Балкан помеѓу Европската комисија и властите во Република Северна Македонија.




Соочени со голем број на кризи, закани за мирот, стабилноста и безбедноста, а особено со закана од тероризам и насилен екстремизам, државите се обединуваат околу потребата од јакнење на капацитетите на органите за спроведување на законот, како и развој и унапредување на меѓународната соработка која е обединета во меѓународната коалиција за борба против тероризам.




Од друга страна, исполнувањето на меѓународните стандарди за анализа и размена на безбедносните информации овозможуваат појасна слика за вистинските закани, но придонесуваат и за поголема подготвеност на надлежните институции за борба против тероризмот и насилниот екстремизам.




На оваа седница Владата на предлог на Министерството за образование и наука ја разгледа и усвои Информација за спроведување повеќегодишна јавна набавка за изведување на градежни работи за реконструкција на објектот на ООУ „Браќа Миладиновци“ и на ООУ „Крсте Петков Мисирков“ – Општина Куманово, како и услуги за вршење на стручно-технички надзор врз реконструкција.




Притоа беше задолжено Министерството за образование и наука да ја спроведе постапката за проектот кој предвидува замена на стар и дотраен кровен покривач со енергетски ефикасен покрив. Предвидена е и внатрешна замена на стари и дотраени материјали.

Во Кочани се вееше југословенско знаме – причината е јасна, се собраа голем број на луѓе













Југословенското тробојно знаме со ѕвезда петокрака денеска повторно се развеа во Кочани, со што членовите на граѓанското здружение „Јосип Броз Тито“ го почнаа одбележувањето на 29 Ноември, како значаен датум од историја на поранешната заедничката држава на народите од Балканот.




Фотографии со ликот на Тито, придружени со македонски знамиња , како и песни во кои се опева борбата против фашистичкиот окупатор во Втората светска војна, беа декорот што можеше да се види и слушне во караванот од возила што прошетаа низ кочанските улици.




– Ние сме единственото активно македонско здружение кое на овој начин го одбележува денот кога се одржало второто заседание на АВНОЈ, кој е роденден на некогашната заедничка држава. Овој датум за нас има посебна важност, затоа што тогаш се оствариле идеалите на сите наши револуционери, а македонската нација конечно доби признавање за своето постоење. Потврда дека 29 ноември е голема историска пресвртница е што слични здруженија во Словенија, Хрватска и другите поранешни југословенски републики му даваат многу поголема важност отколку кај нас, иако Македонија на тој ден ја добила својата државност, а денес ние го живееме тој континуитет, истакна Трајан Трендов, претседател на здружението „Јосип Броз Тито“.




Додека дефилето од возила се движеше по улиците, кај граѓаните имаше мало изненадување поради тоа што постарите подзаборавиле, а помладите воопшто ни не знаат за значењето што го имаше некогаш најголемиот државен празник.




Здружението на граѓани „Јосип Броз Тито“, ги прославува сите значајни датуми поврзани со историјата на поранешна Југославија, а во изминатиот период организираше и повеќе хуманитарни акции за собирање облека и храна, како и за доброволно крводарување

(Видео) Хаос во Англија: Албанци го блокираа Лондон за прослава – погледнете што се случува









Голем број Албанци синоќа излегоа на улиците на Лондон за да го прослават Денот на независноста на нивната земја. На бројни видеа од центарот на Лондон се гледаат мажи и жени во скапи автомобили како веат албански знамиња додека полицајците бараат од нив да престанат да го блокираат сообраќајот.




„Полицијата е известена дека на одредени патишта се собира поголема група возила. Нашите припадници веднаш излегле на терен со цел да се минимизира можноста за нарушување на сообраќајот“, се вели во соопштението на полицијата. Оттаму додаваат дека при полициската акција е приведено едно лице.




„Додека мажите во автомобили свиреа и дрифтаа, девојчињата во народни носии изведуваа традиционални народни ора, а беа фрлани и петарди. Видеата и фотографиите кои се раширија на социјалните мрежи предизвикаа бурни реакции кај другите лондончани“, пишува Дејли мејл.




„Албанците во Лондон кои го славеа Денот на независноста себично ги блокираа плоштадите Странд и Трафалгар додека луѓето го напуштаа киното во 22 часот“, се налути еден корисник на Твитер.




„Една од причините што ми требаше толку долго да се вратам дома вчера“, додаде друг корисник.




Свој коментар даде и Најџел Фараж, британски политичар и еден од најпознатите поддржувачи на Брегзит. „Ова се случуваше синоќа во Лондон. Господ нека ни е на помош“, напиша Фараж на својот Твитер профил.

Арсовска на Телма откри непознати работи: Не е проблемот Град Скопје – еве зошто нема превоз во градот









Двете здруженија имаа склучено договори со Градот Скопје, а преку Градот и со ЈСП, но и едното и другото здружение дозволија да се раскинат поради непочитување на одредбите од договорот.




Причина за раскинот не е Градот, туку нивното непочитување на договорните обврски, истакна градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска во вечерашното гостување во „Топ тема“ на Телма ТВ.




„За едното здружение е согласно членот 29 во договорот што го имаа склучено на крајот на минатата година, а тоа е дека не обезбедуваше превоз на линиите во договорениот обем и тоа најмалку 80 проценти во текот на повеќе календарски месеци. Прво, треба да се погледнат причините зошто го прават тоа, второ, несомнено е дека сакаат да направат привид на хаос. Трето, она што е значајно за нас, е дека договорите се раскинати не по наша вина, туку затоа што некој не си ги почитиувал одредбите на онојо договор кој што го имал склучено“, изјави Арсовска.




Град Скопје, како што нагласи Арсовска, понудил, преку нов јавен повик, под соодветни услови, секој да може да аплицира во Градот и директно да работи и да си заработува чесно.




„Ова што го видовме со овие здруженија и ова што се случуваше во изминатите месеци е далеку од тоа. Ние ќе оставиме на институциите да пристапат и истражат што се случувало“, рече Арсовска.

Светот стравува од ова: Нема празен кревет – со голема епидемија се соочува Белгија









Вонредна вест ја потресе Европа и светот.

Нова епидемија на повидок. Колку е опасна?




Одделите за педијатрија во болниците во Белгија се преоптоварени поради епидемија на бронхиолит кај децата, слична е состојбата во соседна Франција.




Според информациите, ниеден кревет веќе не е слободен во поголемите болници во главниот град Брисел.




Педијатриската итна помош е преплавена со работа, порачаа од болницата Сен Пјер.

Нема потреба од грижа: Доколку пантерот дојде во Македонија – ЦУК без проблем ќе ја среди ситуацијата









Нема потреба од грижа: Доколку пантерот дојде во Македонија – ЦУК без проблем ќе ја среди ситуацијата

ФОКУС само што објави.




Црниот пантер кој речиси цел месец е актуелна тема во соседна Србија, и по кого се организираа неколку безуспешни потраги, се движи кон југ, односно кон потопли краеви, и не е исклучена можноста да пристигне и во Македонија, ексклузивно пренесува ФОКУС.мк




Вчера за српските медиуми Ненад Тешиќ од ПСЗН (Покрет за све нас) кој е вклучен во потрагата изјави дека предаторот се движи од Војводина кон Централна Србија, и само за неколку дена поминал повеќе од 80 километри.

Дали доколку дивото животно дојде во Македонија, земјата има стратегија да се справи со него, односно безболно да го залови, за „Фокус“ деталите ги појаснува Илија Бојаровски, лице за контакт со медиуми од Центар за управување со кризи. Според него, како и за секоја друга ситуација, ЦУК имал стандардни оперативни процедури, односно имал стратегија и план.




-Доколку се случи пантерот да залута на нашата територија, според некој ред по кој би се одвивале настаните, првин оној кој ќе го забележи треба да се јави на телефонскиот број 112 во ЦУК, или пак во полиција и да го пријави настанот. По добивањето на информацијата, ЦУК ја алармира Локалната самоуправа во областа каде е забележано животното, односно градоначалникот и претседателот на Советот.




Општината потоа прави проценки, формира кризен штаб, се вклучува ловната федерација, ловни друштва, лица од зоолошката градина кои имаат искуство со диви животни, односно со пантер или други слични видови на големи мачки, професори за ловство, ветеринари… Ако Локалната самоуправа нема доволно капацитети кои се потребни во случајов, тогаш и Центарот за управување со кризи ќе се вклучи со свои координации и помош- појаснуваат од ЦУК.




Начинот на кој евентуално би се заловил пантерот, а кој е најпожелен, е тој да биде заловен со помош на стрела за успивање, но самата процедура била доста тешко изводлива, бидејќи се работи за брзо и опасно животно. Постои и начин на заловување со помош на мамки, кој бил користен во минатото при заловување на рисови.

Целиот текст прочитајте го на ФОКУС.мк (клик ТУКА)

Фамилијата на малиот Давид раскажа: Преку рацете на Бог тој направи чудо и го спаси нашиот син









Неврохирургот проф. д-р Јовица Угриновски почина на 77 години по тешко боледување, објави денес приватната клиника „Неуромедика“, чиј основач и претседател на Управниот одбор беше докторот со кого се простува македонската јавност.




Стотици пораки со сочувство на социјалните мрежи, но и изрази на благодарност од оние на кои докторот им помогнал додека воделе тешки битки за своето здравје и живот.




Една од пораките за последно збогум доаѓа од семејството Домазетовски, за чиј случај „Фокус“ пишуваше пред повеќе години. Давид Домазетовски од Битола, во декември 2014 година ургентно беше хоспитализиран по дијагноза на тумор на мозокот со големина на јајце, а приказната допре до целата јавност.




И покрај високиот ризик од интервенцијата, проф. д-р Угриновски, успешно го отстрани туморот, а детето кое тогаш имаше пет ипол години, по 45 дена минати на апарати, се разбуди.




-Еден човек преку чии раце Бог направи чудо и го спаси син ми Давид, а со тоа и цело семејство, повеќе не е со нас живите. Навистина болката е голема, посебно за оние кои го познаваа и знаат дека таков Човек се раѓа еднаш на 100 години. Малку се зборови кои би ја опишале нашата благодарност кон Вас. Медиумите можат да пишуваат што сакаат. Знам само дека Македонија изгуби прекрасна личност како прво, и вистински професионалец, ненадминлив на нашите простори. Нека Бог ви ги прости сите гревови и прегрешенија и да ве стави на најубаво место во Царството Небесно Докторе и Професоре Јовица Угриновски-објави семејството Домазетовски на социјалните мрежи.

И професорот д-р Угриновски раскажа за битката за животот на Давид и за тоа како тој бил решен да даде се од себе и да го спаси момчето.




-Ако следиме медицински правила, Давид не требаше да се оперира. Тоа е како да оперираш мртов човек. Но мојот инстинкт и искуството ми даде за право и покрај тоа што шансите за преживување беа еднакви на нула, да влезам во операциона сала и да оперирам. Што беше пресудно? Пресудното беше брзината на интервенцијата. Фактот дека ситуацијата се влоши во 2 часот наутро, а ние влеговме во сала во 3 часот наутро, само еден час по случката, што ми будеше надеж дека ќе го излечам. Операцијата траеше околу 4 часа, се извади целиот тумор и почна голготата која траеше со месеци. Да се ослободи од машината, да почне сам да дише, да добие движење на рацете и нозете. Вклучени беа сите екипи, првенствено анестезиолозите, физикална терапија – објасни тогаш професорот д-р Угриновски.

Целиот текст прочитајте го на ФОКУС.мк (клик ТУКА)

Замина во вечноста: Еден од најдобрите СВЕТСКИ лекари – почивај во мир проф. д-р Јовица Угриновски









По тешко боледување, утрово на 77-годишна возраст по чина проф. д-р Јовица Угриновски, основач и претседател на Управниот одбор на „Неуромедика”, информираа попладнево од оваа здравствена установа.




Со огромна жалост сакаме да ве известиме дека утрово на 77-годишна возраст по тешко боле дување поч ина нашиот ценет и почитуван профорот д-р Јовица Угриновски. Профот Угриновски беше основач и претседател на Управниот одбор на “НЕУРОМЕДИКА”.




– Менаџерскиот тим и сите вработени изразуваат огромна почит и благодарност за соработката и успесите во работењето, се наведува во соопштението на болницата на социјалните мрежи.




Министерот за здравство, д-р Беким Сали изразува длабоко жалење за тажната вест за смртта на професор д-р Јовица Угриновски.

– Здравствениот систем остана без врвен неврохирург и професионалец во оваа област. Изразувам сочувство до семејството и блиските за оваа огромна загуба, посочи министерот Сали.




Претходно во изразувањето жалење се приклучи и поранешниот министер за здравство, Венко Филипче. Тој му се заблагодари на Угриновски за пренесените неврохируршки и животни искуства.

error: Content is protected !!