ГОЛЕМА ТРАГЕДИЈА: Двајца млади Македонци загинаа во Италија













Во сообраќајка во Италија загинаа две момчиња од Македонија.




Се работи за двајца малолетници, едниот имал 16, а другиот 17 години и со Фиат Пунто се судриле во голф на локален пат во областа Аки Терме, кога врнел силен дожд, соопшти италијанскиот портал Нова Провинчија.




Веста ја пренесоа повеќе италијански портали, а кочанската телевизија објави дека С.С. и М.Г. се по потекло од Кочани и од Виница. Момчињата живееле во Ница, а во автомобилот имало уште двајца нивни другари.




Момчето што го управувало автомобилот ја добило дозволата само два дена претходно.

Возачот на Голфот, 46-годишен маж, пак, од несреќата излегол со полесни повреди.

error: Content is protected !!