Млада мајка од Кентаки, Бриана Ридер, предупредува со нејзината тажна приказна до сите млади мајки да внимаваат на овој зачин, кои сите го имаат по дома.
Се се случило пред две години кога нејзиниот 4- годишен син отишол до полицата каде што стоеле зачините и ја земал кесичката со цимет, и со лажица пробал од зачинот.
По некое време му се слошило и паднал на подот, изгледало како да има напад- рекла мајката.
-Никогаш немаше никакви проблеми, беше потполно здраво дете, кога зема цимет, почна да се гуши, изгледаше како да има напад и падна, престана да дише – рекла мајката која ги предупредува сите да бидат ногу внимателни.
Циметот во прав, ако се земе во поголема количина може да ги затвори дишните патишта и да доведе до гушење, а посебно е опасен кога се работи за мали деца.
Употребата на циметот – која е неговата тајна?
Ако се погледне подлабоко во историјата, може да се заклучи дека најголем дел од откритијата се резултат на потрагата по богатство, а богатството се зачините. Глобализацијата во светот всушност започна со трговијата со зачини. Употребата на циметот започнува 2800 години пред Новата ера. Египјаните го користеле за мумификација поради мирисот, кинезите за лекување поради неговите антибактериски својства, а во Рим го палеле за време на ритуалите. Во Европа беше донесен од страна на арапските трговци.
Легендите за циметот не недостасуваа. Се чини дека многумина сакале да ја зачуваат вистината за потеклото на овој зачин преку приказни. Грците го опишале циметот како грмушка чувана од отровни змии. Арапите тврделе дека до циметот доаѓале преку големите птици што живеат во планините. Тие оставале во долината многу месо што птиците го земале и го носеле во своето гнездо кое поради големата тежина се распаѓало. Така дошле во циметот кој птиците го користеле при изградбата на гнездото.
Најдобриот цимет првично потекнува од Шри Ланка (порано Цејлон).
Во античките времиња циметот вредел повеќе од златото. Бил знак на престиж во најбогатите кругови на општеството. За Европејците, потеклото на циметот долго време било тајна. Името (цимет) потекнува од хебрејскиот и арапскиот назив на amomon, што значи мирислива билка – зачин. Се верува дека во XV век циметот бил “повторно откриен” од страна на Португалците, а подоцна холанѓаните и англичаните.
Средновековната кујна била воодушевена од специфичната арома на циметот. Во некои делови на светот, месото се обложувало со цимет за да се спречи неговото расипување.
Циметот припаѓа на ботаничката фамилија лoвор (Cinnamomum verum), а како зачин употребата на циметот е во вид на прав или стапчиња. Циметот на оброците им дава карактеристичен мирис и сладок, нежен и нетранспарентен вкус. Без разлика дали е мелен или цел го збогатува вкусот на класичната кујна со доза егзотика.
На пазарот може да се најдат неколку видови на цимет:
Цејлонскиот цимет или како што го нарекуваат вистинскиот цимет (Cinnamomum verum) доаѓа од Шри Ланка. Сушениот дел од внатрешната кора на ова зимзелено дрво, кое во просек расте 10-15 метри, се користи како зачин. Можеме да го најдеме во две форми – стапчиња и мелен. Цејлонскиот цимет има нежен и зачинет сладок вкус. има светла жолто – кафеава боја.
Освен за гастрономски цели, исто така се користи во природна медицина поради лековитите својства. Цејлонскиот цимет е најдобар од сите видови на цимет поради неговите лековити својства и посебниот вкус. Циметот е мазен, светло-кафеав и внатрешноста е нешто потемна.
Casia или кинескиот цимет (Cinnamomum casia) потекнува од југоисточна Кина. Некои тврдат дека носи потекло од северна Индија. Вкусот е многу сличен со цејлонскиот цимет и има фин и силен мирис. Се користи целата кора на растението, што му дава потемна и помалку црвеникава боја од оригиналниот цимет. Жетвата и обработката се многу слични на оние кај цејлонскиот цимет.
Висококвалитетниот цимет се препознава по светло-кафеавата боја, и тенки и нежни стапчиња. Меѓутоа кинеската цимет не ги исполнува овие критериуми: стапчињата цимет се главно подебели, еднострани и темно кафеави.
Квалитетот на циметот зависи од суровината од која се обработува и од каде се добива. Кога чувате цимет многу е важно да го заштитите од светлина и да го затворите пакувањето.
Циметот е многу лековит зачин. Се тврди дека е богат со антиоксиданти и има анти -воспалителни својства. Го намалува ризикот од срцеви заболувања, го намалува шеќерот во крвта и има голем број други “здрави” својства.
Циметот не е познат само како вкусен зачин, туку и како извор на витамини и минерали. Тој содржи калциум, железо, манган, витамин Ц и витамин К, а исто така и диететски влакна, па оттаму доаѓаат и неговите здравствени бенефиции. Еве дел од нив:
Во комбинација со мед го зајакнува имунитетот. Цимет со мед е не само вкусна, туку и моќна комбинација којашто се користи и како природен лек. Во текот на студените денови консумирајте една лажичка мед и четвртина лажичка цимет растворени во чаша млака вода за да ја подобрите заштитата на телото од вируси и бактерии.
Ја поттикнува работата на мозокот. Истражувањата покажале дека мирисот на цимет може да ги подобри когнитивните способности, меморијата, извршувањето на одредени задачи и да ја зголеми будноста и концентрацијата. Во експериментите биле користени гуми за џвакање со вкус на цимет или ароматизирани свеќи.
Им помага на луѓето кои страдаат од дијабетес тип 2. Познато истражување спроведено во 2003 година со учество на луѓе кои имале дијабетес тип 2, покажало дека редовната употреба на цимет може да го намали шеќерот во крвта и лошиот (LDL) холестерол. Доброволците во истражувањето консумирале од 1 до 6 грама цимет дневно и кај нив холестеролот се намалил со 18%, а шеќерот во крвта со 24%. Докторите не препорачуваат циметот да се консумира во толку големи терапевтски дози, особено не од луѓе кои примаат лекови, но малите дози не се сметаат за штетни.
Помага против суво грло и сува кашлица. Потопете две стапчиња цимет во чаша ладна вода и оставете ги да отстојат неколку часа. Ваквиот пијалак содржи растворливи во вода диететски влакна кои го омекнуваат гребењето што го предизвикува сувото грло, а со тоа и ја намалуваат сувата кашлица.
Го става гладот под контрола. Циметот го регулира шеќерот во крвта и поради тоа ги елиминира нападите на глад. Нутриционистите препорачуваат ужина од парчиња печени јаболка зачинети со цимет, бидејќи освен циметот, и јаболката имаат многу бенефиции. Докажано е дека луѓето кои редовно консумираат јаболка, внесуваат помалку калории и имаат помалку масни наслаги на стомакот.
Помага во намалувањето на менструалните болки. Жените кои секој месец страдаат од менструални болки можат да ги ублажат со редовна консумација на цимет.
Има позитивен ефект при запек. Циметот е одличен извор на диететски влакна кои помагаат при запек, но и при појава на синдром на нервозни црева. Се верува дека редовното внесување на мали количини цимет има позитивно влијание и при создавањето на гасови во стомакот.
Го зголемува нивото на енергија. Се чувствувате уморни и без енергија? Напијте се овошен чај со четвртина лажичка цимет. Тоа ќе ви ја зголеми виталноста, а може и да ви ја подобри циркулацијата. Особено е полезно за луѓе кои постојано се жалат дека имаат студени нозе.
Се бори против лош здив. Истражувањата покажале дека гумите за џвакање со цимет се ефективни против лош здив. Исто така, циметот во комбинација со мед и млака вода може наутро да се користи како течност за плакнење на устата. Таквиот микс го одржува здивот свеж во текот на целиот ден. Многумина тврдат дека циметот е ефикасен домашен лек и против забоболка.
Ја омекнува грубата кожата на стапалата. Повремено негувајте ги вашите уморни стапала со ароматизирана бања. Измешајте сок од 5 лимони, 1 лажичка маслиново масло, половина шолја млеко, половина шолја вода и 2 лажички мелен цимет и потопете ги стапалата во течноста 15 минути.