Сите кои купувате поволни автомобили во Македонија, бидете внимателни – МВР само што се огласи









На територијата на Република Северна Македонија за време на заедничка акција на МВР со повеќе надлежни институции координирана од Генералниот секретаријат на Интерпол, се извршени 1.540 проверки на лица и 1.467 моторни возила.

Одземени се 10 возила и еден мотоцикл под сомнение за фалсификат.




Од МВР информираа дека во соработка со Царинската управа, Јавното обвинителство, Пазарната инспекција и Управата за јавни приходи, во тесна координација со Генералниот секретаријат на Интерпол, учествувале во глобална операција против криминал со моторни возила, координирана од Генералниот секретаријат на Интерпол.




Операцијата била спроведена во 77 држави, при што во овие држави откриени се 1.121 украден автомобил и 64 мотоцикли.




– При преглед на плац за продавање на делови за моторни возила т.н. авто отпад извршена е идентификација на 62 возила за кои е утврдено дека имало избегнати давачки, со што правното лице и одговорното лице на правниот субјект сториле Кривично дело по член 278-б став 1 и став 3 од Кривичниот законик, се појаснува во соопштението од МВР.




Од МВР апелираат до граѓаните да внимаваат при купување на половни моторни возила и увоз од странство, особено на веродостојноста на документите и потеклото на возилото согласно законодавството во државата од каде се увезува.




Извадок на дел дневните настани 05.09.2022

На 05.09.2022 во 00.05 часот на ул.„8-ми Септември” во Битола, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на сообраќајот при СВР Битола го лишиле од слобода И.С.(27) од Битола. Тој бил баран по потерница поради бегство од Казнено-поправната установа Затвор Битола. По приведувањето, тој бил спроведен во установата за доиздржување на казната.

На 04.09.2022 во 15.00 часот во Гевгелија, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Гевгелија ги лишиле од слобода А.К.(46) и Ј.Р.(43), двајцата од Гевгелија. При преглед на патничко моторно возило „ауди“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од А.К., биле пронајдени 27 пакувања со хероин, а при преглед на Ј.Р., која била сопатник во возилото, бил пронајден амфетамин. За настанот бил запознаен Јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Гевгелија и по целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 04.09.2022 во 05.35 часот на ул.„8-ми Септември“ во Велес, полициски службеници од СВР Велес лишиле од слобода три малолетни лица од Велес. Тие биле затекнати затекнати при обид да извршат кражба во паркирани патнички возила и кај нив бил пронајден алат со кој требало да ги извршат делата. Лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 04.09.2022 околу 19.30 часот, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 30-годишниот Ш.Ф. од гостиварско Чегране, кој претходно на улица „Борче Јовановски“ во Гостивар одзел скутер со гостиварски регистарски ознаки, сопственост на Џ.Р.(30) од Гостивар. Скутерот бил пронајден и вратен на сопственикот, а Ш.Ф. бил задржан во Полициската станица Гостивар. По целосно документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок.

На 04.05.2022 во 04.15 часот во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода В.П.(27) од Кавадарци. Тој се сомничи дека на ул.„Илинденска“ од патничко возило „мерцедес“ со кавадаречки регистиарски ознаки, сопственост на А.Д.(43) од Кавадарци, одзел пари и личен документ. Дел од одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот, а по целосно документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 04.09.2022 на подрачјето на СВР Штип била спроведена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната. За време на контролата биле констатирани 10 прекршоци, од кои 9 во населено место и 1 надвор од населено место. На 03/04.09.2022 во периодот од 22.00 до 04.00 часот на подрачјето на СВР Штип била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол. Од извршената контрола било констатирано дека 14 возачи управувале возила под дејство на алкохол и тие биле исклучени од сообраќај, времено им биле одземени возачките дозволи и изготвени им биле прекршочни платни налози. Санкционирани биле и 16 други видови на прекршоци од кои 9 за управување возило без возачка дозвола, 2 за возач почетник, 1 за нерегистрирано возило, 2 за некористење сигурносен појас и 2 за минување на затоврен сигнал (црвено светло).

На 03/04.09.2022 во периодот од 22.00 до 04.00 часот на подрачјето на СВР Охрид извршени се засилени сообраќајни контроли. Притоа, полициските службеници санкционирале 23 возачи кои, управувале моторно возило под дејство на алкохол (Охрид-07, Струга-08, Кичево-07, Дебар-01). Тие, веднаш се исклучени од сообраќај, одземени им се возачките документи и поднесени им се соодветни платни налози.
На 05.09.2022 во 00.55 часот во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, кај клучката за Славеј планина, патничко моторно возило „мерцедес“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Н.З.(19) од с.Подгорци, струшко, излетало од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Р.С.(52) од с.Бороец, струшко, констатирани во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.

На 04.09.2022 во 12.10 часот во Полициската станица Готивар-СВР Тетово, М.А.(65) од Гостивар пријавила дека на улица „Иљо Антевски-Смок“ во Гостивар била касната од куче скитник.

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (04.09.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 184 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 55 санкции, 17 мерки за возење без возачка дозвола, 23 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, 24 мерки за возење под дејство на алкохол. Изречени се 11 мерки за користење мобилен телефон, шест санкции за нерегистрирани возила, шест мерки за некористење сигурносен појас, четири санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло)…

Во текот на вчерашниот ден (04.09.2022) на територијата на СВР Битола била спроведена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санционирани се 16 возачи. Од нив 11 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 5 возачи надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

На 04.09.2022 во 02.45 часот пред угостителски објект во Градски парк, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода И.Б.(29) и Т.К.(29), двајцата од Република Турција, затоа што го нарушиле јавниот ред и мир и агресивно се однесувале кон полициски службеници кои вршеле службени дејствија. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Во текот на август годинава, полициските службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово-Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово, на поширокото тетовско подрачје, во тековни-редовни и 34 акциски контроли вкупно откриле и санкционирале 1678 различни видови неисправности. Во контролните активности, реализирани минатиот месец, а поради констатирани прекршоци, од сообраќај билe исклучени 60 возила, од кои 50 поради истечена регистрација, а 10 поради утврдена техничка неисправност. Во август, исто така, од сообраќај биле исклучени и 186 возачи, од кои 107 управувале без возачка дозвола, 35 под дејство на алкохол, 26 возачи-почетници кои не се придржувале на законските ограничувања за оваа категорија возачи, 7 со несоодветна категорија и 11 со важечка забрана за управување. Покрај тоа, во периодот за кој станува збор, времено биле одземени 10 возила за истечена регистрација повеќе од шест месеци(7) и бучавост(3), 49 возачки и 35 сообраќајни дозволи.

Во текот на вчерашниот ден (04.09.2022) Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 291 возач. Од нив 23 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а едно возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 131 возило ја пречекорило брзината во населено место, а 160 надвор од населено место.

Во периодот од 29.08.2022 до 04.09.2022 спроведена е засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, при што санкционирани се 302 возачи. Од нив, 194 не користеле заштитна кацига за време на возење, 62 возеле без возачка дозвола, шест мотоцикли се одземени поради истечена сообраќајна дозвола и предизвикување голема бучава, а санкционирани се и други прекршоци.
На 04.09.2022 околу 14.30 часот во ПС Чаир, П.Т.(43) од Скопје пријавил дека околу 11.00 часот во неговиот двор на подрачје на Чаир, паднало залутано зрно. Се работи на расчистување на случајот.

Во периодот од 29.08.2022 до 04.09.2022 Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на неисполнување на пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата. При контролата санкционирани се 18 учесници во сообраќајот. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

На 04.09.2022 во 17.33 часот во СВР Скопје, С.П.(31) од Скопје пријавил дека во угостителски објект во Дебар Маало бил нападнат со стаклен предмет од Д.А. од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

На 04.09.2022 во 17.39 часот во СВР Скопје, од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив со повреди биле донесени Л.Г. и И.Е. Од Скопје. Полициски службеници излегле на местото и во службен разговор со нив Л.Г. и И.Е. изјавиле дека пред угостителски објект во с.Арачиново биле физички нападнати од Б.Н. С.Н. и Б.Н.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 04.09.22 во 12.43 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Баница“ во Скопје настанал пожар во патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Г.Н.(56) од Скопје, од кој била зафатена и една бандера. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Ј.К.(30) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги и психотропни супстанци и прекурсори“ и „неовластено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“. На 30.08.2022, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана, дигитална вага и муниција за ловечка пушка со калибар 12 мм.

На 05.09.2022 во Полициското одделение Петровец, 35-годишна жена од Велес пријавила дека околу 03.00 часот во соба од хотел во с.Петровец, скопско, била физички нападната од нејзиното поранешно момче Б.П.(30). По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 03.09.2022 во 23.20 часот во с. Арачиново, скопско, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Е.О.(44) од с.Арачиново затоа што околу 21.30 часот во с.Арачиново физички нападнал полициски службеници кои вршеле службени задачи. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 04.09.2022 околу 14.50 часот во ПО Шуто Оризари, Л.Р.(30) од Скопје пријавил дека во неговиот двор на подрачје на Шуто Оризари, паднало залутано зрно од оружје. Повредени лица нема. Се работи на расчистување на случајот.

На 04.09.2022 во 15.00 часот во Полициското одделение Сарај било пријавено дека во угостителски објект во с.Сарај, скопско, по претходна расправија на Р.С.(85) и Д.П.(32), двајцата од Скопје, Р.С. физички го нападнал малолетниот син на Д.П.. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 04.09.2022 во 16.50 часот во Полициската станица Карпош, А.Б.Б.А.(32) од Скопје пријавила дека околу 01.00 часот во викенд куќа во с.Катланово, скопско, по претходно недоразбирање била физички нападната од В.Р.-женско лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

error: Content is protected !!