Подкастот кој младиот јутјубер и инфлуенсер Стефан Лазаров продолжува со редовни емисии. Овојпат тој и Зоки Фаци ја угосија Агнеса Органџиева.
Убавата Агнеса е една од најбараните инфлуенсерки во Македонија, а ултра популарна стана пред неколку години, кога преку социјалните мрежи, тогашниот нејзин сопруг ја нападна и обвини дека била со него само додека бил на функција и имал добра плата.
Од тогаш популарноста на Агнеса расте, има две женски деца, едната 19, а другата 11 години.
Тогаш во јавноста се појавија информации дека наводно Агнеса била со него поради пари, но таа го демантираше истото и откри дека 18 години била во брак и заљубена.
Во текот на целото интервју, покрај другите работи, Агнеса откри и дека долг период од својата кариера работела во ПУИГ – АД за Стопанисување и изградба на станбен и деловен простор во Скопје.
Пред околу една ипол година, настанал конфликт меѓу Агнеса и нејзина колешка. Сето тоа беше документирано од МВР. Анега конечно откри што се случило.
-На 08.11.2021 во 13.00 часот во СВР Скопје, С.Ј.(50) од Скопје пријавила дека на 05.11.2021 во 14.00 часот во простории на АД за Стопанисување и изградба на станбен и деловен простор – Скопје на подрачје на Центар, додека била на своето работно место, била физички нападната од нејзината колешка А.О.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Јавно за прв пат за тој настан зборуваше Агнеса, која вели дека таа ја нападнала својата колешка затоа што многу зборела, при што имала и модринка. Нападнатата колешка ја дала Агнеса на суд, при што бара оштета од 600 евра.