Нема веќе назад: Донесена е конечна одлука за случајот „Монструм“ кој се случи на Велики четврток









Денес судот им ги потврди доживотните затворски казни на обвинетите Алил Демири, Африм Исмаиловиќ и Агим Исмаиловиќ.




По убиcтвото, во Косово побегнаа Алил Демири и Африм Исмаиловиќ и сега се отвора прашањето дали сега кога заврши и повтореното судење за „Монструм“, конечно ќе ги екстрадираат во Македонија, објави СДК.мк




Петкратното убиство кај Смиљковско Езеро во 2012 година останува терористички акт, а Алил Демири, Африм Исмаиловиќ и Агим Исмаиловиќ ги убиле четирите момчиња на возраст од 18 до 21 година од населбата Радишани: Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацковски и Кире Трпковски, како и Борче Стевковски, 45 години, од селото Црешево.




Според објавената пресуда на сајтот на Апелација, жалбите на петтемина обвинети се одбиваат, се потврдуваат казните, од кои три се доживотна робија.

„Монструм“ имаше две судења, откако во 2017 година Врховниот суд го врати овој случај на почеток, овојпат кај СЈО. Обвинението го застапуваше обвинителката Фатиме Фетаи.

Целиот текст на СДК.мк (клик ТУКА)

error: Content is protected !!