ТРАГЕДИЈА: Фудбалскиот свет завиен во црно- загинаа двајца фудбалери во стравична сообраќајка, настрадаа и двајца членови на клубот













Тажна вест ни доаѓа од Германија, каде пет лица загинаа во сообраќајна несреќа кај Карлсруе. Од петте лица, четворица се фудбалери на локалниот клуб Алеманија Егенштајн.








Како што е потврдено, меѓу четирите жртви имало и двајца фудбалери, физиотерапевт и поранешен фудбалер, а уште потажно е што сите биле на возраст од 25 до 29 години.








Клубот официјално објави се.




„Алеманија Егенштајн е длабоко тажна поради загубата на нејзините активни фудбалери Дани Цимерер и Тим Палушко, физиотерапевтот Леони Буркарт и поранешниот фудбалер Филип Домер“.




Како што беше кажано, 25-годишниот возач изгубил контрола над возилото, по што се судрил со таксито и излетал од патот.

error: Content is protected !!