Се вљубив на 47 години и сакам конечно да го оставам сопругот – ме плашат само децата, дали ќе ми простат?









Дури сега, на возраст од 47 години, дознав што е вистинска љубов. Сепак, се двоумам дали да го напуштам моето семејство.

Досега, никогаш не сум се сомневала дека никогаш не сум знаела што е вистинска љубов… Со мојот сопруг сме во брак 25 години, имаме три деца – две девојчиња и едно момче.




Отсекогаш сме се разбирале добро, живеевме добро заедно, и затоа мислев дека тоа е љубов. Меѓутоа, се покажа дека нема никаква врска со тоа, бидејќи пред две години, неочекувано, се сретнав со вистинската љубов и оттогаш работите се превртеа со главата надолу…

Веќе две години изневерувам и некако успевам да го правам тоа незабележано, за сега. Мојот сопруг не се сомнева во ништо, но не знам колку долго можам да продолжам вака.




Имам чувство на вина, а од друга страна, човекот со кој се гледам ме притиска да живееме заедно.

Но, многу добро знам дека децата нема да ми простат, и таков чекор би значел дека ќе ги изгубам, иако тој вели дека не му пречи да живеат со нас. Мојот сопруг, исто така нема вина.




Отсекогаш бил добар сопруг и татко, а фактот дека навистина не го сакам е всушност неговата единствена „грешка“.

Јас навистина не знам што да правам, па ве молам за совет.




Што е љубов?

Љубов е појава во меѓусебните односи меѓу луѓето, кој не е целосно определуван и кој се опишува со здружување и меѓусебно помагање на две или повеќе лица. Најчесто се вели дека „љубовта не може да се определува“, но некои особини кај појавите кои луѓето ги назначуваат како љубов се еднакви или многу слични, па од нив би можело да се извлече некое појасно определување.

Околу љубовта има многу различни мислења (посебно бидејќи таа е лична, па секој човек си има свое сопствено определување). Од „здравото мнозинство“ љубовта се определува како крајно блиска врска меѓу машко (маж/момче) и женско (жена/девојка), но од тие кои не припаѓаат на ова мнозинство (како нпр. хомосексуалци) доаѓаат и други определувања. Една од нив е дека „љубовта е најголемата врска меѓу две или повеќе човечки суштества, без разлика на нивниот пол, вера, народност и раса.

Безлична љубов

За едно лице може да се каже дека му се допаѓа некој предмет, принцип или цел доколку тие го ценат многу и се длабоко посветени на тоа. Слично на тоа, доброволната ,,љубовˮ на теренските и волонтерските работници којашто го надминала сожалувањето не мора секогаш да се роди од меѓучовечка љубов, туку и од безлична љубов заедно со алтруизам и силни духовни и политички убедувања. Луѓето можат исто така да ,,сакаатˮ материјални предмети, животни, или активности доколку тие се навлекуваат самите себеси во зближување или пак во соживување со тие работи. Ако постои и сексуална страст, оваа состојба се нарекува парафилија.

Меѓучовечка љубов

Меѓучовечката љубов се однесува на љубовта меѓу луѓето. Таа е многу посилно чувство за разлика од едноставната склоност кон другиот. Невозвратена љубов е онаа каде што љубовни чувства постојат само од едната страна. Меѓучовечката љубов најтесно се поврзува со меѓучовечките односи. Таквата љубов може да постои меѓу членови на семејството, пријатели и двојки. Исто така, постојат голем број на психолошки нарушувања поврзани со љубов, пример за тоа е еротоманијата. Во текот на историјата, филозофијата и религијата имаат најмногу размислувања за феноменот на љубовта. Во минатиот век, психологијата како наука има пишувано многу на оваа тема. Во последниве години психологијата, антропологијата, неврологијата и биологијата придонеле во разбирањето на природата и функцијата на љубовта.

Психолошка основа

Психологијата ја отсликува љубовта како когнитивен и општествен феномен. Психологот Роберт Стернберг ја создаде Триаголната теорија на љубовта и тврдеше дека љубовта се состои од три различни компоненти и тоа: интимност, посветеност и страст. Интимноста е форма на љубовта каде што две лица имаат доверба еден во друг и споделуваат разни детали од својот приватен живот. Интимноста најчесто се манифестира во пријателски и романтични љубовни врски. Од друга страна пак, посветеноста е надеж дека врската е трајна. Последната и најчеста форма на љубов е сексуалната привлечност и страст. Двете, страсната љубов и романтичната љубов се прикажани во занесеност. На сите облици на љубов се гледа како на различни комбинации од овие три компоненти. Нељубовта не вклучува ниту еден од овие компоненти. Допаѓањето вклучува само интимност. Заслепеноста вклучува само страст. Празната љубов вклучува само посветеност. Романтичната љубов ги вклучува и интимноста и страста. Пријателската љубов вклучува интимност и посветеност. Несериозната љубов вклучува страст и посветеност. И на крај, совршената љубов ги вклучува сите три. Американскиот психолог Зик Рубин се обидел да ја дефинира љубовта со помош на психометрика, во 70-тите години од XX век. Во неговото дело, тој тврди дека љубовта ја сочинуваат три фактори, и тоа: приврзаност, грижа и интимност.

По развојот на настаните во електромагнетните теории како што е Кулоновиот закон којшто покажа дека позитивните и негативните полнежи се привлекуваат, аналогиите во човечкиот живот се развија, како што се ,,спротивностите се привлекуваатˮ. Во текот на минатиот век, истражувањето на природата на човечкото размножување, генерално покажа дека ова не е вистина кога станува збор за карактерот и личноста. Луѓето се стремат кон тоа да сакаат луѓе коишто се слични на нив. Сепак, во неколку необични и специфични области, како што е имунолошкиот систем, се чини дека луѓето претпочитаат другите да се различни од нив, бидејќи така на крајот ќе се роди бебе коешто го има најдоброто од двете страни. Во последниве години, се развиле различни теории за човечкото врзување, опишани во услови на приврзаност, врски, обврски и склоности. Некои западни стручњаци ваквото врзување го поделија на две главни компоненти, алтруистичка (несебична) и нарцисоидна. Ова гледиште е претставено во делата на Скот Пек, чијашто работа во областа на применетата психологија била истражување на дефинициите за љубовта и злото. Пек тврди дека љубовта е комбинација од ,,грижата за духовниот раст на другиотˮ, и едноставен нарцизам. Во комбинација, љубовта не е само чувство туку и активност.

Според Сигмунд Фројд, во основата, љубовта е сексуален феномен, зашто полната љубов му обезбедува на човекот најпотполно задоволување и му претставува образец на секоја среќа. Оттука, човекот треба да ја бара животната среќа во областа на полните односи и гениталната еротика да ја постави во центарот на животот. Според Фројд, дури и братската љубов е резултат на сексуалната желба во која сексуалниот инсинкт е трансформиран во нагон со „инхибирана цел“. Од друга страна, чувството на соединување и единство со саканата личност Фројд го толкув како патолошки феномен и како враќање кон состојбата на раниот „неограничен нарцизам“. Оттука, според Фројд, љубовта е ирационален феномен, т.е. заљубеноста секогаш се граничи со абнормалното, таа е проследена со слепило за реалноста и претставува пренесување на објектот на љубовта од детството. Според Ерих Фром, Фројдовите идеи за љубовта како сексуално задоволување е реакција на конзервативните идеи од викторијанскиот период, одраз на дарвинистичките идеи за капитализмот како систем кој одговара на природата на човекот и резултат на грубиот материјализам од 19 век, кој тврдел дека суштината на сите духовни феномени може да се најде во физиолошките процеси.

Наспроти Фројд, американскиот психоаналитичар Хари Саливан прави строга поделба меѓу сексуалноста и љубовта. Според него, под љубов, т.е. интимност се подразбира таквата ситуација меѓу двајца луѓе која дозволува вреднување на сите компоненти на личната вредност. Вреднувањето на личната вредност, пак, бара определени односи кои тој ги нарекува „соработка“, а која ја дефинира како јасно формулирано приспособување на нечие однесување кон изразените потреби на другата личност во стремеж за сè поблиско заемно задоволување и извршување активности кои носат сигурност. Значи, според Саливан, љубовта е еден вид соработка („тимска работа“ меѓу двајца луѓе заради остварување на заедничките интереси, т.е. во потрагата по заедничка цел.

Ерих Фром, во неговата книга „Вештината на љубовта“ тврди дека во современото западно општество е присутна дезинтеграција на љубовта при што сите видови љубов (братската, мајчината и еротската) се релативно ретка појава, а наместо љубовта се присутни разни патолошки облици на псевдољубов. Според Фром, љубовта меѓу двајца луѓе е можна само ако тие комуницираат од центарот на својата егзистенција и ако секој од нив се доживува себеси како центар на своето постоење. Единствено во тоа „централно искуство“ се наоѓа основата на љубовта. Фром ја гледа љубовта како решение на проблемот на човековата егзистенција, зашто таа овозможува целосно спојување со саканата личност, но притоа човекот целосно ја задржува индивидуалноста. Исто така, љубовта е пред сè давање, а не примање, зашто во неа човекот го дава најскапото нешто – дел од својот живот. Освен во елементот на давањето, активниот карактер на љубовта се состои во тоа што таа вклучува: грижа, одговорност, почитување и знаење. Во суштината, љубовта не е однос кон некоја конкретна личност, туку таа е став и ориентација на карактерот кон светот како целина, а не само кон еден „објект“ на љубовта. Според Фром, љубовта љубовта не е само чувство, туку исто така и вештина која може да се научи и треба да се совлада, а тоа е можно преку практикување на љубовта. Во тој поглед, љубовта е лично искуство кое секој човек мора да го доживее со помош на себеси и за себеси. Примената на љубовната вештина бара дисциплина, концентрација, трпение, а совладувањето на оваа вештина мора да ни биде од најголема важност. Притоа, основниот услов за да се достигне љубовта е надминувањето на сопствениот нарцизам, а тоа пак бара скромност, обејктивност и ум. Исто така, ослободувањето од нарцизмот бара рационална вера, а тоа значи цврстина во нашите убедувања и чувства.

error: Content is protected !!