Постари мажи често имаат доста помлади девојки и разликата во годините не ги спречува да уживаат заедно – колку и општеството да ги осудува.
Бизнисменот Макс има 51 година, сопственик е на ланец хотели и терени за голф и веќе неколку години ужива во друштво на млади девојки. Тој одлучил да побара друштво онлајн откако сфатил како функционираат таквите односи. Се придружил на сајт кој ги повзрува успешните мажи со убави млади жени.
Макс признал дека од секогаш го привлекувале помлади девојки, но тоа го чувал во тајност.
– Запознав многу убави и паметни жени кои имаат толку потенцијал да изградат успешна кариера. Имав две долги врски, а моментално сум во уште една. Моето семејство знае дека сакам помлади девојки, но не и начинот на кој ги запознавам, рекол Макс.
Макс вели дека му е важно пријателството и менторството. Сака на патувања девојките да му прават друштво и покрај него да стекнуваат нови искуства и да видат нови места. Тој девојките ги води на разни настани и во шопинг.
Дополнето: Зошто жените сакаат постари мажи?
Кои се причините за да некои мажи и жени бараат некој многу помлад или постар од нив за врска, наместо некој на иста возраст? Секс терапевтката Луис ван де Велде вели дека годините се само бројка за жените, затоа немаат предрасуди кон постари мажи. Кај мажите, причините се поразлични.
„Жените дури кога ќе се погледнат во огледало гледаат знаци на стареење“, вели таа.
Кај мажите станува збор за суета. Младата жена како партнерка предизвикува ист ефект како скап автомобил или часовник – восхит. Мажите всушност со помлада партнерка покрај себе покажуваат колку се и самите успешни.
Иако причините поради кои мажите и жените бараат помлади партнери се сосем разбирливи, Луис вели дека ваквите врски имаат неколку недостатоци. Во нив настанува проблем кога со текот на години интересите почнуваат да се менуваат, како и нивото на енергија кај партнерот. Познато е дека мажите и жените својот сексуален врв го достигнуваат во различни години, мажите на почетокот на 20-тите, жените во доцните 30-ти и почетокот на 40-тите години. Помлад маж може да задоволи постара жена, но постар маж нема да може да задоволи помлада жена.
„Тоа не е нешто што би требало да се занемари, сексот е клуч на успешна врска, сексот ја одржува комуникацијата меѓу партнерите“,вели таа.
Но, ако партнерите ги прифатат различностите, тогаш рамнотежата на незрелост и младешки ентузијазам може да го одржи духот на постариот партнер.
Неодамнешно истражување го докажа тврдењето дека постарите мажи навистина бараат само помлади жени. Мажи на возраст меѓу 60 и 69 години бара партнерка 11 години помлада од себе. Кај помладите ситуацијата е поразлична, мажите до 30 години преферираат жени постари од нив од 3 до 6 години.
„Помладите мажи веројатно го препознаваат квалитетот на постарите жени кои жонглираат со обврски како кариерата, децата, домаќинството, вежбањето, финансиите и излегувањето. Тоа ги интригира и привлекува, па им делува како посигурна опција“, вели терапевтката.
Сте го слушнале ли некаде правилото дека мажите треба да бидат со жена која е пола од нивната возраст плус седум? Ако мислевте дека Леонардо ДиКаприо и неговите 20 и нешто годишни манекенки (кои патем ги менува штом наполнат некоја година плус) е лидер на трендов, се лажете.
Правилово постои уште од 1901 година, и истото се појавува во книгата Месечината е сина, на Макс О’Рел. Фактот пак, зад кој стојат неколку научни студии дека мажите кои имаат помлада жена живеат подолго, само се надоврзува на истото (ете зошто Лео изгледа се помлад и помлад, а Трамп не ја испушта Меланија од видик).
И ако сега, на големата возрасна граница се гледа како на нешто што е табу, неприродно, па дури и се врзува за некој Фројдовски коплекс, во златните години на минатиот век немало апсолутно ништо чудно во тоа, мажот да е 10, 20 па во некои случаи и повозрасен, од жената. Од друга страна пак, на жените не се ставале денес добро познатите ептитети.
Софија Лорен и Карло Понти биле разлика 22 години, Џејн Бркин и Серж Геинсбург – 18 години, а да не ги споменувам музите – љубовници на Пабло Пикасо и големите уметници на 20-тиот век и Чарли Чаплин и неговата Уна. Никој не ги нарекол маживе Sugardady ниту пак дамиве Sugarbabes, а дефинитивно никаде не е спомнато нешто како daddy issue.
Освен во случајот со Хју Хефнер и неговите зајачици. Но, тоа е веќе нешто друго. Едноставно кога станувало збор за љубовта дури и боговите молчеле, а предрасудите исчезнувале. Истово, претворено во холивудска бајка е претставено во еден од најубавите љубовни филмови Есен во Њујорк, со Ричард Гир и Винона Рајдер, додека нешто порано на еден малку похумористичен начин оваа тематика на платното, во црно – бела техника е прикажана во Љубов на попладне, со Одри Хепберн и Гери Купер.
Да бидам искрена, темава на муабет не се нашла еднаш на маса, можеби не сме навлегувале во драстични возрасни разлики, ама дефинитивно од 5 присутни жени 4 се согласиле дека попрво би биле со постар, отколку со помлад маж.
Едноставно, постарите мажи имаат искуство, знаат како да се однесуваат, не се детинести и дефинитивно не играат игри. Со нив знаеш на што си и секако го избегнуваш моментот на ненадејно исчезнување или неоснована љубомора.
Разговорите се сосем друго ниво, а на романтиката не гледаат како на нешто што би им ја уништило машкоста или не дај боже репутацијата пред другарите. Плус, стабилни се во секој поглед, а за една жена нема ништо попривлечно од тоа да знае дека може да се потпре на својот партнер.
Од правилово, секако постои и исклучок, а секако и некоја субјективно поставена црвена линија (особено кога ќе помислиш дека за 10 години од сега нештата нема да бидат во потполна функција), но не попусто секоја девојка гледа партнерот да биде барем две – три години постар. Не дека постои некоја математичка формула која ќе даде совршена возрасна разлика. А и кога би постоела, правилата постојат за да бидат прекршени!
Како и да е, доколку се најдете во ситуација да сте заинтересирани или можеби вљубени во помлада девојка од вас, треба да знаете неколку основни правила.
1. Не го потенцирајте фактот дека е помлада од вас, но во никој случај не се обидувајте да се однесувате како да сте нејзина возраст. Зрелоста е тоа што првично ја привлекло кон вас, па токму затоа модерните топло ладно игри, секс повици во ниедно време и ненадејни исчезнувања тргнете ги од вашата агенда. Незрелост од зрел маж е нешто што вашата девојка дефинитиво не го очекува од вас.
2. Не ја базирајте целата врска само на секс – малку романтика, внимание и интелектуална страст, може да ви донесе многу повеќе возбуда од обичен секс. Плус, сексот е достапен секаде, а интелектуалната стимулација е поретка.
3. Дозволете и да има свој живот без да бидете сеприсутни – не ја форсирајте кога станува збор за брак, деца или заедничко живеење. Дозволете и да ужива во младоста, без да се чувствува дека се однесувате кон неа како да сте и татко. Оставете и доволно простор без да ја гушите.
4. Искреноста е најважна – разговарајте отворено за тоа кои се вашите очекувања, ако сакате само кратка и несериозна врска кажете го тоа, така нема да давате лажна надеж за нешто посериозно кое во иднина можеби би се очекувало од вас.
5. Подгответе се за предрасуди – од нејзитите пријатели, родители, околината…
Сепак, на крајот од денот, сите стигми, предрасуди и табуа се тотално безначајно кога станува збор за љубовта. Ако Џанлука Вачи и неговата 27 години помлада партнерка Шерон Фонсека можат да живеат во љубовна бајка без да се грижат за она што ќе кажат соседите, можете и вие.