(ФОТО) Ова не е река, туку улица – во овој град во Македонија настана вистински хаос на улиците











Пукната цевка со профил ф 200мм на ул.” Наум Охридски”, во близина на бензинската пумпа на Макпетрол „Билјанини извори“, предизвика поплава на булеварот „Туристичка“. Коловозните ленти се под вода, а движењето со автомобили е отежнато, пренесе „Охрид Њуз“.




Водата која тече низ булеварот Туристичка по слободен пат, се слива кон АСНОМ во правец на езерото.




Од јавното претпријатие Водовод информираат дека се работи за дефект на голема цевка на непристапен терен.

Поради тоа ќе има повеќечасовен прекин во водоснабдувањето во поголемиот дел од градот информира ЈП Водовод, пишува „Охрид Њуз“

Видеото погледнете го ОВДЕ

error: Content is protected !!