ФОТО: Ова е 35 годишната Ирена која трагично го загуби животот ноќеска на Копаоник













ФОТО: Ова е 35 годишната Ирена која трагично го загуби животот ноќеска на Копаоник

Ирена Р.(35) од Нови Сад и Драган В.(39) од Александровац загинаа во текот на ноќта на Копаоник кога снежната моторна санка на која се возеле се превртела и паднала во бездна.








Драган В. ја возел снежната моторна санка, а Ирена Р., девојката што седела со него на санката, е од Нови Сад.




На нејзиниот профил на социјалните мрежи стои дека дипломирала на Правниот факултет во Нови Сад, по што магистрирала и како што неофицијално дознаваат српските медиуми, се запишала и на докторски студии. Се вели и дека била една од најдобрите студенти на нејзината генерација.








Таа често објавуваше фотографии од патувањата, а судејќи по нејзините објави, била многу блиска со мајка си и со семејството.




Мајката Изабела под фотографиите често и оставаше љубовни пораки за својата ќерка, а последен пат се огласи во средината на февруари кога закачи слика од нејзините две ќерки од детството и напиша „Концерт за мама за еден 8 март“.

error: Content is protected !!