Тажна вест вечерва во Македонија: Почина поранешен градоначалник












Тажна вест ја погоди Македонија, односно главниот град Скопје.

Веста брзо се прошири низ медиумите, а потоа и на социјалните мрежи.




Денес во Скопје по долго боледување, на 67-годишна возраст почина Петре Латиновски поранешниот градоначалник на скопската општина Бутел.




Латиновски е роден во скопското село Радишани. Дипломирал на Природно математичкиот факултет при Универзитетот Св.Кирил и Методиј на отсекот за географија.




Toj oд 1978 година до 1999 година работел како професор во ДСУ за економија и биротехника „Арсени Јовков”. Од 1999 до 2003 г. бил директор на истоименото училиште. Во 2005 година станал градоначалник на Општина Бутел, каде ја извршувал оваа функција до 2017 година.

Граѓаните на оваа скопска општина, но и скопјани ќе го паметат како добар, мирен и чесен човек. Eден од ретките политичари кои секогаш беше достапен за граѓаните.

error: Content is protected !!