Не постои човек во Македонија, кој ги користи социјалните мрежи, а да не налетал, барем случајно на Божидар Божиновски.
Божиновски е македонски писател и сценарист, активист на социјалните мрежи, кој успева да наметне свој став и мислење за многу работи, при што има голема поддршка од својата публика.
Еве го неговиот статус:
-Треба една наградна да има од влада “Штедач на сезоната”.
Пример ова е Мирослав од Неготино, тој не е искапен 4 месеци, 12 дена и 7 часа, јаде само во деновите кои почнуваат на ”љ”, вода пие од снегот и дождот, но не многу за да има и за другите и како што вели заштедил 2450 денари кои ќе ги донира за владата во борба против енергетската криза.
Затоа што оваа сума е смешна владата преку извршители за награда ќе му ја земе и куќата, а решението ќе му го однесе лично вицепремиерот Маричиќ.