Икона посветена на Богородица од 1748 година, која според мотивите се нарекува „Достојно ест“, првпат била насликана во светогорските манастири.
Таа икона била украдена пред неколку децении од црква во Битола, по што преку шверцерски пат и криминални канали, завршила кај еден колекционер во Белград.
Откако ја набавил, немал мирен сон. Иконата на Мајката Божја често му се јавувала на сон молејќи го да ја врати тамо од каде што е украдена.
Колекционерот веќе не можел да издржи, па стапил во контакт со владиката Петар и понудил да му ја врати иконата, но под еден услов- да не биде пријавен во полиција.
„Му ветив и по цена на својот живот дека нема да го пријавам во полиција доколку ја врати иконата. И други чуда се случувале, а и сега се случуваат, но за нив нема да зборуваме, можеби наредните години.“- изјавил владиката Петар.
Откако била реставрирана, таа сега се наоѓа во црквениот храм Пресвета Бгородица во Битола, а за чудата, како што вели владиката, уште долго ќе се зборува.
Се претпоставува дека зборот потекнува од арамејскиот јазик и бил воспоставен од Исус од Назарет. Во тоа време терминот Црква, еквивалентно означувал владин/политички термин, или, собрание, собир за јавни потреби. Тоа е старогрчкиот збор „екклесиа – ἐκκλησία“ (латински: ecclessia) кој е составен од предлошката „ек – ἐκ (пред самогласка се пишува како ех – ἐξ)“ и глаголот „калео – καλέω“. Предлошката „ек – ἐκ“ има двослојно значење („од“ и „кон“) па затоа е ориентирана кон исходот, а глаголот „калео – καλέω“ значи „да повикаш“.[1][2] Во буквален превод „екклесиа – ἐκκλησία“ значи „собир на повиканите“ – луѓе повикани од светот кон Бога, а исходот на тоа е Црквата.[3] Подоцна во Стара Грција терминот се користи за да се изрази тело кое расправа и разрешува проблеми кои генерално го засегаат oпштеството.
Првите христијани, исто како и Исус, биле Евреи кои живееле во Израел и кои се молеле во Храмот во Ерусалим и околните Синагоги. Обожувањето во Храмовите било проследено со принесување на жртви од животни, како искупување на гревовите. Во Новиот завет многупати се споменува дека Исус бил чест посетител на храмовите.
Раната историја на синагогите е контраверзна но се претпоставува дека била институција која се развила за потребите на јавно обожување на Евреите додека биле под окупација на Вавилон, и немале пристап до храмовите. Наместо тоа се развила церемонија во која се читала Тората на дневни и неделни служби, проследени со коментари од свештениците. Ова се случувало во домовите доколку групите биле мали. Во други случаи се граделе посебни градби за оваа цел. Некогаш со надоградување на куќите или пренамена на згради кои биле од јавен интерес. Во најголемиот број, тоа биле простории со подиум на кој се говорело, додека луѓето седеле наоколу и слушале.
И самиот Исус присуствувал на вакви заседание, каде што читал и давал коментари, како што е опишано во Посланието по Лука 4: 16-24. По уништувањето на Храмот во Ерусалим во 70 година од нашата ера, Христијанското движење и Евреите се разделиле. Црквата како институција зела голем замав во вториот век.