Ацо Пејовиќ доаѓа во Македонија, познато КОГА и КАДЕ
Популарниот пејач Ацо Пејовиќ е еден од најпосакуваните, а можеби и најпосакуван во последниот период за забави и концерти во Македонија.
Не постои личност која не сака да отиде на негова забава, поради што тој се почесто доаѓа и има настапи во различни градови во државата.
Веќе е најавено и неговото наредно гостување, кое ќе се случи на 24-ти декември „А1 Арената“ во Скопје.
По песните во филмот „Тома“, неговата популарност скокна до небо, па не постои човек кој истите не ги слушнал.
Пред одреден период тој имаше концерт во Скопје, каде гостуваа над 12.000 гости, што е негов рекорд во нашата држава.
Тој доаѓа на 24-ти декември, а секој што сака да купи карта тоа може да го направи и преку бројот 075/507-455.