Тело на 10-годишно девојче пронајдено во дом за деца, приведени три момчиња поради сексуален деликт – ужас во Германија

Германската полиција ги потврди индициите дека девојчето кое било пронајдено мртво во дом за децата во Вунзидел, Германија, било убиено од 3 момчиња, две 11-годишни и еден 16-годишник.

Според информациите на Билд, момчињата се приведени и се во притвор. Инспекторите споделија информации дека има докази за сексуален престап.

Во вторник наутро во 8:45 вработен во Центарот за згрижување деца и млади Св. Јозеф го открил телото на девојчето. Кога е пронајдено телото , имало знаци дека 10-годишното девојче било мртво веќе 10 часа.

Полицијата од тактички причини 24 часа не ја известила јавноста за пронаоѓањето на телото, за полесно да се соберат докази и да се заштитат децата и младите сместени во домот.

Според портпаролот на полицискиот штаб во Горна Франкофонија, аутопсијата која веднаш ја наредил јавниот обвинител во Хоф открила докази за невнимание од трета страна.

Станува збор за веќе второ трагично убиство на дете за само неколку недели. Дванаесетгодишното девојче беше убиено од нејзини врснички, меѓу кои и нејзината најдобра другарка.

error: Content is protected !!