Гранит Џака е фудбалер кој може да му се спротивстави на секој ривал, а дебелиот крај најчесто ја добиваат неговите противници, но по мечот со Ливерпул тоа веќе не е така.
Џака и е првенствено познат на јавноста во регионот по настапите на натпреварите меѓу Швајцарија и Србија, кога на секој начин се обидуваше да ги испровоцира, па дури и да ги понижи „орлите“.
Сепак, искусниот играч за врска едноставно има таков карактер што и како капитен на Арсенал многу често влегува во конфликти со противниците.
Така беше и на дерби натпреварот против Ливерпул, но се чини дека сега наиде на посилен, барем рамноправен ривал и мораше да се повлече.
Имено, Џака тргна по Трент Александер-Арнол, но Англичанецот храбро му се спротивстави, па дури и си ја исчетка главата и тргна кон него кога Швајцарецот со косовски корен почна да се повлекува.
Останатите играчи набрзо пристигнаа и гужвата се расчисти, а судијата на натпреварот Пол Тиерни им покажа жолт картон на Александар-Арнолд и Џака.
Капитенот на „топчиите“ беше тој што почна се откако со лакт удри англиски дефанзивец кој реши да реагира и дојде до краток конфликт.
Ваквото однесување на Џака не е изненадување бидејќи тој е склон кон намќорни потези, но во овој случај не остана зад себе ниту Арнолд.
Trent Alexander-Arnold was not happy with Xhaka. ????#LIVARS pic.twitter.com/bvNk3ZLnPs
— Mohammed (@ZAJD01) April 9, 2023