ХАОС: Експлозија и урнати згради во Франција, луѓе под урнатините: „Не одговараат“

Уривањето на две станбени згради во Марсеј повреди најмалку шест лица, но пожарот и понатаму ги попречува спасувачите во потрагата по жртви. Се проценува дека десет луѓе се заробени под урнатините. Очевидци велат дека по експлозијата во воздухот се почувствувал мирис на гас.

Првата зграда во пристанишниот град во јужна Франција се урна нешто по полноќ, а втората утрото. Во текот на утрото делумно се урна и третата зграда. Населбата е евакуирана.

Јавната обвинителка доцна попладнето одржа прес-конференција на која рече дека „состојбата се уште не е стабилна“, додавајќи дека осум лица од урнатата зграда не одговараат на телефонските повици.

Обвинител: Состојбата се уште не е стабилизирана, осум лица не одговараат на повиците

Доминик Лоренс, јавен обвинител на градот Марсеј, одржа прес-конференција. По потсетувањето на фактите поврзани со уривањето на зградите, таа рече дека „во моментов не е можно да се знае што довело до експлозијата“, додавајќи дека „ситуацијата сè уште не е стабилизирана“.

Таа рече дека пожарникарите се уште работат на гаснење на пожарот што избувна по експлозијата. „Пожарникарите со кучиња трагачи се обидуваат да откријат сигнали на преживеани. Осум лица кои се наоѓале во една од урнатите згради не одговараат на телефонските повици. Бараме и едно лице од друга зграда“, рече таа.

error: Content is protected !!