МАКЕДОНИЈА: Повредени 5 полицајци – еве што се случувало

МАКЕДОНИЈА: Повредени 5 полицајци – еве што се случувало


По завршувањето на вчерашното „езерско дерби“, фудбалскиот натпревар меѓу екипите на Караорман од Струга и Охрид во Втората фудбалска лига, се случил инцидент на трибината на која биле сместени гостинските навивачи, соопшти МВР.

Инцидентот настанал откако охриѓаните се расправале околу напуштањето на стадионот, па морала да интервенира полицијата.

Во туркањето со гостинските навивачи, повредени се петмина полицајци, велат од МВР.

„На 08.04.2023 околу 17.00 часот во Струга, по завршување на фудбалскиот натпревар помеѓу екипите на Караорман од Струга и Охрид во рамки на Втората фудбалска лига бил нарушен јавниот ред и мир од повеќе лица од навивачка група од Охрид, при што бил оштетен дел од инвентарот на стадионот.

-Притоа, при преземање мерки со повреди се здобиле пет полициски службеници од Полициската станица Струга. По целосно документирање и расчистување на случајот, ОВР Струга ќе поднесе соодветни пријави, информираа од МВР.

error: Content is protected !!