Колозова: Цркви со звучници, џамии со звучници, тоа никаде во Европа го нема – од каде изникна оваа турбо-фолк религиозност?

Колозова: Цркви со звучници, џамии со звучници, тоа никаде во Европа го нема – од каде изникна оваа турбо-фолк религиозност?


Катерина Колозова дипломирала класични студии (1992) на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје, Филозофски факултет, Институт за филозофија, а магистрирала филозофски науки (1995) на истиот универзитет. Во 1998 година станува доктор по филозофски науки на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје, Филозофски факултет, Институт за филозофија, во програмска соработка со EHESS-Paris (Centre “Louis Gernet ”) и College de France, како стипендист за докторско истражување финансирано од Француската влада.

Насловот на нејзината докторска теза гласи „Хелените и смртта: традиционални и филозофски концепти за смртта во Стара Грција и нивната рефлексија во модерното.“ Ментор на нејзината докторска теза е проф. д-р Кирил Темков, а супервизори на докторското истражување во Париз се прочуените Жан Пјер Вернан и Светлана Слапшак. Постдокторско истражување спроведувала на Универзитетот „Беркли“- Калифорнија во 2009, под водство на Џудит Батлер


Цркви со звучници, џамии со звучници – од каде изникна оваа турбо-фолк верзија на религиозност, прашува проф. Катерина Колозова.


„Вака не беше, вака нигде не е“, реагираа професорката, приврзаник на тн. шарена револуција и блиска до власта, за озвучувањата на верските објекти од кои верските обреди се слушаат преку звучници.


– Никој никого нема право да го тероризира со сопствените уверувања, вклучително и религија. Јас не знам за дел од овој континент наречен Европа каде што се дозволува ваква наметливост- и за едните, и за другите. На километри се слушаат. Може ли и МПЦ и ИВЗ да не се тероризираат взаемно, своите верници, и останатите што не се никакви верници, објави Колозова на својот профил на Фејсбук.

error: Content is protected !!