Недостигаат работници во Куманово, ќе се бараат и од Филипините

Недостигаат работници во Куманово, ќе се бараат и од Филипините

Најден Бајдевски, претседател на локалниот економско-социјален совет, вели дека во моментов им се потребни регистри за станбени простори каде што би можеле да приберат работници


Во моментов, актуелен проблем на кумановската бизнис-заедница е недостигот од работна сила, како, впрочем, и во целата држава. Најден Бајдевски, претседател на локалниот економско-социјален совет, вели дека во моментов им се потребни регистри за станбени простори каде што би можеле да приберат работници.


– Веќе сме во контакти со агенциите за вработување во други држави, конкретно Филипините. Она што сакаме да го направиме за младите е да креираме нова вредност за да останат во татковината. Како советодавно тело, нудиме поддршка во однос на институциите што се надлежни за потребите на ранливите, да се насочат, да користат одредена помош, оние што се заинтересирани да се вработат – вели Бајдевски.

error: Content is protected !!