УЖАС: Тројца Македонци загинаа во сообраќајна несреќа во Италија
Ужасни вести од Италија доаѓаат за цела Македонија. Во тешка сообраќајна несреќа – животот го загубиле четири лица, од кои дури три се од Македонија.
Тројца македонски државјани се жртви на несреќата која се случи во Италија, поточно во местото „Ница Монферато“.
Динамиката на несреќата се уште ја испитува Сообраќајната полиција.
Денеска во раните утрински часови започна разјаснувањето за драматичната несреќа која ги чинеше животите на четири лица во Ница Монферато вчера вечерта на 9 април.
Млад човек од Асти и тројца Македонци се жртвите
Жртви во трагедијата во неделата на Велигден е младото момче од Италија на само 23 години кое патувало сам во еден од двата автомобила, додека во другиот автомобил имало тројца мажи од македонска националност на возраст од триесет години.
Динамика сè уште ја испитува Сообраќајната полиција
Динамиката на страотниот судар се уште ја испитува сообраќајната полиција во Асти, со сигурност знаеме само дека се работи за фронтален судир.
За жал никој не преживеал.