Сител: Трите момчиња од Македонија кои загинаа во Италија веројатно патувале кон дома за велигденските празници
Трагична велигденска ноќ во Италија, во страотна сообраќајка загинаа 3 македонски и еден италијански државјанин. Животот го загубија во директен судир во Ница Монферато во округот на Асти.
Во едниот автомобил биле тројцата Македонци на возраст од околу 30 години, а со другото возило управувал 23 Италијанец од Асти објавија италијанските медиуми.
Судирот се случил на тесна и опасна кривина каде и претходно се случувале тешки сообраќајки.
На местото веднаш пристигнала брзата помош и противпожарната служба која се обидувала да ги извлече патниците, но не успеале да ги спасат. Од фотографиите може да се види дека возилата се целосно уништени.
Истрагата за причините за несреќата е во тек, а на местото на настанот увид извршиле припадници на сообраќајната полиција.
Според италијанските медиуми, причините се уште се не познати како дошло до оваа трагедија за велигден, но она што со сигурност го знаат од полицијата е дека станува збор за фронтален судир.
Нашите иселеници веројатно работеле во Италија и патувале кон дома за велигденските празници, објави Сител.
Андреј Китанов, Златко Стоиловски и Влатко Илиев се момчињата кои вчера вечерта во Италија во сообраќајна незгода ги загубија животите, објави „ММС.мк“.
Андреј и Златко се од Македонска Каменица, додека Влатко е од виничкото село Пекљани. „ММС.мк“ стапиле во контакт со дел од иселениците во овој дел на Италија, кои се шокирани од трагедијата во која загинале нивни блиски пријатели и роднини.