Два часа по полноќ воз удрил во неготинец кој се движел пеш по пругата.
На 08.09.2022 во 02.00 часот пријавено е дека товарен воз кој сообраќал на релација Табановце-Гевгелија на потегот од железничката станица Неготино кон железничката станица Дуброва удрил во Р.У.(64) од Неготино, кој се движел пеш по пругата. Р.У. починал на местото на настанот, информираа од МВР.
За настанот е известен Јавен обвинител, а увид на местотото на настанот извршила екипа од ОВР-Неготино.
Извадок на дел дневните настани 08.09.2022
На 07.09.2022 на три локации на подрачјето на СВР Битола по преземени мерки и активности полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода Б.С.(22) и Е.А.(27), двајцата од Прилеп и Н.Н.(53) од с. Белче,демирхисарско затоа што биле затекнати како со возила превезувале огревни дрва без да поседуваат соодветна документација. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
На 07.09.2022 во 07.45 часот било пријавено дека во Скопје на крстосница од бул.“Партизански одреди“ со бул.“Св.Климент Охридски“ патничко моторно возило “алфа ромео“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.С.(41) од Скопје, удрило во електричен тротинет “топлајф“, управуван од С.Н.(40) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.Н., констатирани во болницата “Систина“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
На 07.09.2022 во 20.25 часот во Полициската станица Центар Љ.Т.(66) од Скопје, пријавил дека на ул.“Периша Савелиќ“ бил каснат од куче скитник.
На 07.09.2022 во 11.00 часот во Полициската станица Аеродром Н.Т.(73) од Скопје пријавил дека на бул.“Асном“ бил каснат од куче скитник.
На 07.09.2022 во 01.00 часот во Полициската станица Драчево М.М.(59) од Скопје пријавил дека на ул.“Иван Хаџиниколов“ бил каснат од куче скитник.
На 07.09.2022 во 17.45 часот било пријавено дека во Ресен на ул.“7-ма Македонска бригада“ патничко моторно возило “опел астра“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Г.Н.(35) од Ресен, удрило во велосипед управуван од Ѓ.М.(26) од Ресен. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Клиничката болница во Битола. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Ресен.
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (07.09.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.На територија на град Скопје изречени се вкупно 124 мерки, меѓу кои за користење мобилен телефон седум санкции, осум мерки за возење без возачка дозвола, седум санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, 11 мерки за возење под дејство на алкохол, една санкција за минување на затворен сигнал (црвено светло)…
На 07.09.2022 околу 08.00 часот пријавено е дека на крстосницата од магистрален пат А-3 Ресен-Битола со крак од регионален пат Макази-Маркова нога се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „поло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.Ј.(67) од Скопје и мотоцикл „хонда“ со словенечки национални ознаки, управуван од Ф.С.(60) од Р.Словенија, на кој сопатничка била Б.К.(56) од Р.Словенија. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле Ф.С. и Б.К., кои им се констатирани во Клиничка болница – Битола, каде биле пренесени за укажување на лекарска помош. За настанот е известен Јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициска станица Ресен.
Во текот на вчерашниот ден (07.09.2022) во периодот од 15.00 до 20.00 часот спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возила кои непрописно престигнуваат на територијата на СВР Битола. При контролата санкционирани се 24 возачи. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци и ќе се соочат со законски предвидените глоби.
На 07.09.2022 околу 13.20 часот пријавено е дека на регионалниот пат Берово-Струмица во атар на с.Двориште, се случила сообраќајна несреќа помеѓу моторцикал „БМВ Р1250“ со словенечки национални ознаки, управуван од Т.В.В.(80) од САД и патничко моторно возило „форд фиеста“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.Н.(45) од Скопје. По несреќата, Т.В.В. е пренесен во Здравствен дом Берово, каде му се констатирани тешки телесни повреди. За настанот е запознаен Јавен Обвинител, а увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Берово.
На 08.09.2022 во 02.00 часот пријавено е дека товарен воз кој сообраќал на релација Табановце-Гевгелија на потегот од железничката станица Неготино кон железничката станица Дуброва удрил во Р.У.(64) од Неготино, кој се движел пеш по пругата. Р.У. починал на местото на настанот. За настанот е известен Јавен обвинител, а увид на местотото на настанот извршила екипа од ОВР-Неготино.