Сакал да седне до девојка во празен автобус, цел свет му се смее (ВИДЕО)

Сакал да седне до девојка во празен автобус, цел свет му се смее (ВИДЕО)

На социјалните мрежи се шири снимка од разговор меѓу девојка и момче кој се обидел да седне до неа во празен автобус.

Видеото од нивната расправија стана вирален хит откако беше објавено на TikTok каде што е прегледано 4,3 милиони пати, а луѓето ја фалат девојката за начинот на кој се соочила со него.

Видеото започнува така што девојката му вели дека неговото однесување е „чудно“ бидејќи одбива да прифати дека не е во право.

„Буквално избра да седиш веднаш до мене во празен автобус, тоа е чудно. Не се ни познаваме“, му вели таа, очигледно фрустрирана од неговото неразбирање. Момчето не отстапува и ја прашува зошто е чудно да седи покрај тотален странец.

„Не доаѓам во автобус за да почнам да излегувам со некого“, остро одговара таа и додава: „Во автобус сум за да стигнам од А до Б. Не доаѓам да почнам да разговарам со…“, туку тогаш типот се налутил и почнал да и вели „ќути“.

Откако видеото стана вирално, тиктокерите ја пофалија девојката што се бранела.

„Таа е во право. Не форсираш муабет со некој што очигледно сака да остане сам“, напишал еден тиктокер, додека друг се согласил: „Сепак е во право, празен автобус и доаѓаш да седиш до мене… Зошто?!”

@ceowally Who goes and sits next to a woman whos on her own seated on a empty bus? THE AUDACITY ???? #fyp #ukbus ♬ original sound – Wally????????‍????

error: Content is protected !!