Нов ден, ново каснување од куче: Скопјанка во полициска станица пријавила дека била нападната од куче

Нов ден, ново каснување од куче: Скопјанка во полициска станица вчера пријавила дека била нападната од куче

Смртта на осумгодишното дете од Скопје кое почина откако беше нападнато од две кучиња на соседот во населба Пинтија предизвика низа реакции во јавноста. Социјалните мрежи и дел од порталите беа преплавени со дезинформации и шпекулации, а надлежните апелираат јавноста да се воздржи од коментари додека не се реши случајот.

Според официјални информации од надлежните институции, на 11 април околу 18:25 часот ГОБ „Св. Наум Охридски“ пријавиле дека кај нив е донесен малолетник од Скопје, кој подлегнал на повредите како последица од напад од куче во сопственост на соседот Н. Г.

Скопјанка во полициска станица вчера пријавила дека била нападната од куче.

-На 12.04.2023 во 12.10 часот во Полициската станица Гази Баба, В.Ч.(59) од Скопје пријавила дека на ул.„Лазар Поп Трајков“ била касната од куче скитник, информираат од МВР.

Проблемот со каснувањата од улични кучиња трае долго време, па речиси секој ден има нови случаи на нападнати граѓани.

error: Content is protected !!