Богоев открива: Фунционери од ВМРО-ДПМНЕ праќаат позитивни сигнали за уставните промени – еден од нив е градоначалник

Богоев открива: Фунционери од ВМРО-ДПМНЕ праќаат позитивни сигнали за уставните промени – еден од нив е градоначалник

Потпретседателот на СДСМ, Стефан Богоев во изјава за неделникот „Фокус“ открива досега непознати работи за јавноста.

-Нашите пратеници комуницираат со пратениците од ВМРО-ДПМНЕ во Собранието. Меѓутоа, добар дел од нив и од раководството на партијата, вклучително и еден скопски градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ испраќаат позитивни пораки на различни средби и на средби со дипломати.

-Испраќаат позитивни пораки и на места, настани и во разговори со луѓе за кои претпоставувам дека знаат дека ќе стигнат до нас. Тоа се охрабрувачки информации каде што тие се свесни дека ова е нешто што треба да го направиме за да го продолжиме европскиот пат.

Очекувам во одреден момент тие луѓе да истапат и јавно и да дадат поддршка, вели Богоев.

error: Content is protected !!