Земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди Канада. Според првичните информации, епицентарот на земјотресот бил на 200 километри југозападно од Порт Мекнил.
Засега нема информации за жртви или материјална штета.
Околината на Сисак, Хрватска ја потресе земјотрес со јачина од 3 степени според Рихтеровата скала, проценува EMSC.
Земјотресот се случи во 16:43 часот, објавија хрватските медиуми.
Еден час подоцна кај Чунтиќ, блиску до Петриња, во 17 часот и 43 минути сеизмографи на Сеизмолошката служба на Република Хрватска забележаа уште еден земјотрес од 2,9 степени според Рихтеровата скала.
Нов земјотрес ја потресе Турција. Овојпат потресот бил со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала, а епицентарот бил во турската провинција Адијаман, на југоистокот од земјата, соопшти Агенцијата за управување со катастрофи.
Извештаите се дека земјотресот се случил во околината на градот Синџик, во 16:26 часот по локално време, пренесува РИА Новости.
Епицентарот бил на длабочина од 7 километри.
На почетокот на февруари годинава речиси 60.000 луѓе загинаа во земјотрес од 7,8 степени што ги погоди јужна Турција и северозападна Сирија.
Оттогаш речиси секој ден има послаби потреси во Турција.