Актерот Тасевски згрозен: Давате поддршка за куче што закла осумгодишно дете
Осумгодишно дете почина откако беше нападнато од куче во скопската населба Пинтија, по што следеа бурни реакции на јавноста. Дел од граѓаните сметаат дека родителите на детето се виновни за инцидентот што се случил, а тоа го згрози актерот Сашо Тасевски.
-Топли зборови на поддршка за кучето што закла осумгодишно дете, стигаат од многу страни. Детето било виновно. Родителите не го воспитале, па влегувало во туѓи дворови кадешто нормално е да бидеш заклан од куче кое го чува дворот. Читаш и утробата ти се крева.Ако колевката на кошарката се САД, на фудбалот Англија, тогаш ние сме колевката на пореметеноста. Немам веќе дилеми.
-Пореметени со тапија се на власт, одбрани од исти такви без тапија, ама исто пореметени. Кога бев мал дедо ми чуваше шарпланинка Џина. Ѕвер. Глава како на лав. Тој ја дресираше војнички. Не смееше да лае, да не плаши луѓе. Особено деца. Мои другарчиња. Само ако иде некој ноќе во дворот, ќе најави, онака кратко придушено: Уфф! Паметна ко шахист. Ме сакаше ептен.
Нејсе, еднаш влезе другарче во двор, десетгодишно, ко стопати претходно. Џина го знаеше. Он играл со неа, ја галел и претходно. Од чиста мира го касна над зглобот. Не беше тоа некоја многу страшна рана, но обилно крвареше.
Малиов писна, дотрча дедо ми, во кола малиов и јас и во болница. После пепел во лицето, го однесе дома. Му беше срам и му беше тешко пред неговите родители, баба му и дедо му кои добро ги познаваше. Сабајлето ја зеде Џина, ја однесе негде и застрела со пиштолот.
Ме лажеше дека ја однел во бачило. По еден месец ми кажа баба ми. Го прашав зошто? Ми рече: Не смееше да лае на дете, а не да касне. Следниот пат ќе убиеше. Нешто во главата и се сменило. Морав. Заслужи, пишува Тасевски на Фејсбук.