Што значи ако врне дожд на Велики петок? Не е добро, подгответе се за ОВА

Што значи ако врне дожд на Велики петок? Не е добро, подгответе се за ОВА

Велики петок е најтажниот ден во календарот на секој христијанин. Постојат неколку правила кои треба да се почитуваат на тој ден.

Традицијата вели дека Велики петок строго се празнува. Жените не смеат никако да земат игла во рацете, бидејќи се верувало дека ќе им излезат пликови по рацете. На овој ден не се гори оган, ниту се вриe.

И леб не се меси на овој ден. народот верувал дека на овој ден најдобро е да се калемат овошки, бидејќи се што ќе се накалеми на овој ден, се фаќа.

Велики петок за сите христијани е најтажен празник и ден на строг пост. Според верувањата на овој ден не треба да се работи ништо во куќата ниту на нивите.

Но ова не се единствените верувања кои се однесуваат на овој ден. Постојат различни верувања и обичаи кои треба да се направат токму на Велики петок за целата година да ни тече добро.

Во минатото девојките на Велики петок краделе цвеќе од црковниот двор по литургијата и пред спиење ги ставале под перница бидејќи се верувало дека токму таа ноќ ќе го сонуваат својот иден сопруг.

На овој ден постарите гледаат во небото и велат дека ако на Велики петок врне дожд, нема да има сливи. Дождот, според верувањата, значи и дека годината ќе биде тешка и сушна, полна со конфликти и кавги.

error: Content is protected !!