Една од најдобрите новинарки во Македонија, Мери Јордановска, објави податок од кој многумина се згорезени. Станува збор за државни пари, за кои се гледа како „заминуваат“.
Јордановска важи за личност која воопшто не молчи, не фаќа „страна“ и секогаш погодува директно во целта. Така беше и овојпат, еве ја нејзината објава:
-Додека некој чека и по 3 месеци за да биде прегледан, еве еден мал пример за што се трошат народните пари од Министерството за здравство.
40.000 денари е просечен хонорар на соработник во Министерство за здравство. Уште 40.000 ден. хонорар истиот добива ако фино лепо стои со владејачката структура, 8 илјади, па 8 илјади…. (му се слеваат од буџет, во ист ден)
Така се собираат 80.000 денари хонорар месечно на нечија сметка, за ништо! Вака се одлеваат пари од буџетот, драги мои, кога државата за едни е мајка, а за други маќеа. Името е замаглено од моја страна и на моја добра волја, затоа што вакви се многу и сметам дека е грев да се објавува само едно име. Верувате или не, ова е вистината. Вакви се илјадници.
Поентата е доловена, како и да и се завртиме – проверете си прво за што ги трошите НАШИТЕ пари, пред да не убедите дека граѓаните се на прво место!