Украл лименка пиво од продавница, доби 14 месеци затвор – за оваа пресуда зборува цел Балкан
Според пресудата што беше објавена деновиве, Хрват во јуни минатата година „од фрижидерот на продавницата во Донја Зелина во алкохолизирана состојба зел една лименка пиво „Ловенбрау“ од 0,5 литри во вредност од 7,79 куни и ја задржал за себе“, пренесува Даница.
„Потоа без да плати ја поминал касата и се упатил кон излезната врата од продавницата и ја отворил. Потоа, додека си заминувал, вработена се обидела да го спречи, која дошла до него и му кажала дека не може да носи роба што не ја платил надвор од продавницата и дека ќе повика полиција. Потоа ја фатил жената за рамо и ја оттурнал, а таа изгубила рамнотежа и со подлактицата удрила во железната врата, а со левиот лакт во ѕидот, поради што се здобила со набиеници на двете подлактици. После тоа, без да го плати пивото, се оддалечил од продавницата“, се вели во пресудата.
Мажот се товари за кривично дело разбојништво, за што е осуден на 14 месеци затвор: шест месеци безусловна и осум месеци условна казна.
Сепак се чини дека мажот веќе ја одлежал казната бидејќи во неа е вклучено и времето поминато во истражен затвор. Тој е должен во државниот буџет да уплати и износ на незаконски стекната имотна корист во износ од 1,03 евра или 7,79 куни.
Мажот пред судот се бранел велејќи дека „прво имал намера да го плати пивото, но бил многу пијан, па излегол надвор и седел таму додека не дошла полицијата, а се сеќава дека со раце ја оттурнал вработената во продавницата која инаку ја познава по видување“.
„Немав намера да бегам. Бев доста пијан, не ја турнав свесно вработената во продавницата, туку поради алкохолот. Инаку, јас не пијам шест дена во неделата бидејќи работам, пијам само во недела“, рече осудениот.
„Пиеш само во недела? Па, тој настан во продавницата се случи во понеделникот“, го прекина обвинителот.
„Понеделник? Веројатно.. тој ден заспав, па отидов во продавница да земам алкохол“, одговори тој.
На крајот, судијката како олеснителни околности го ценеше неговото „признавање на делото, намаленатасвесност поради алкохол, и тоа што ја чекал полицијата, што покажува дека сфатил дека направил грешка“.
Како отежителна околност беше земена неговата претходна осуда. Пресудата е неправосилна и може да се обжали во рокот предвиден со закон, јавија хрватските медиуми..