Стаменка моли за помош – На штаки сум, ИТНО МИ Е ПОТРЕБНА ОПЕРАЦИЈА НА КОЛКОТ, на државно нема материјали, мора приватно
Стаменка Трповска веќе неколку години се соочува со проблем со колкот и потребна и е итна операција за која се потребни 9000 евра и не може самата да ги покрие.
Воедно како што вели истата не може да се изведе на државна клиника затоа што нема материјали и долго време е на листа за чекање и затоа мора да се оперира приватно во Систина.
Затоа моли за помош од хумани граѓани кои би и помогнале да заврши голготата која трае неколклу години.
– Итно ми е потребна операција на колкот поради компликации која за жал не може да се изведе на клиника поради тоа што немаат материјали (импланти), а веќе чекам од октомври 2022 година. Воедно сум на штаки од тогаш и имам огромни болки кои ми прават проблем за нормално да функционирам. Операцијата би се извела во Систина за која ми се потребни 9000 евра. Нешто имам веќе собрано но далеку од потребната сума. Затоа би ве замолила кој колку може да донира.
– Денарска сметка:
270700042513594
Халк Банк
Со назнака: “Донација за Стаменка”
– Девизна сметка:
270700051478528
Халк Банк
-PeyPal:
adam.burkey@cru.org
-Gofundme: