Кумановската болница без возило за транспорт на пациенти, едното настрада во сообраќајка

Кумановската болница останува без сопствено болничко возило, по синоќешната сообраќајна несреќа во Скопје.

Несреќата се случила кога болничко возило од општата болница Куманово по силен удар беше превретно и е вон употреба. Директорката на болницата Снежана Захариева за Канал 5 објаснува дека денеска очекуваат да пристигне возилото кое било на поправка и со уште едно возило ќе им помогнат од Итната помош од Здравствениот дом Куманово. Болницата со сопствени средства купила ново возило, но се уште не е пристигнато.

Во стабилна состојба се пациентот, медицинската сестра и возачот кои синоќа имаа сообраќајна несреќа кога амбулантно возило од кумановската болница се судрило со возило во Скопје. 56 годишниот возач со возилото „фолксваген туран“ со скопски таблици е со тешки телесни повреди. Пациентот кој бил пренесуван со болничкото возило од Куманово во Скопје е хоспитализран на Клиниката за кардилогија. Првиот човек на болницата Захариева потврди дека вработените се во добра здравствена состојба.

Несреќата се случила синоќа околу 23 часот на крстосницата бул. „Климент Охридски“и ул.„Св. Кирил и Методиј“. Кога медицинската екипа од Куманово го носеле 72 годишниот пациент во Клиниката за кардиологија, потврдуваат во МВР.

error: Content is protected !!