Дејан од Швајцарија: Весниците во Македонија пренесоа вест, од која добив закани
Дејан Камчев е познат на речиси сите Македонци во Швајцарија. Тој многупати има помогнато на познати и непознати луѓе. Од барање стан и работа, да многу други ситници, кои во даден момент значат многу. Но, наместо благодарност, тој објасни што му се случило.
-Би сакал да ви кажам дека објавувањето на мојата објава во весник ми донесе еден куп хејтери и месинџерот ми се преполни, со мал милион барања.
Насловот во овој весник ја изместува сликата за мојата порака кон народот, иако не се сомневам дека авторот на статијава имал добра намера, а и неговата поента не е далеку од вистината, но на некој начин ми стави мета.
Оваа објава ја напишав поради многу наши кои цело време кај мене во групата плукаат по нас Македонците, а уште од почетокот на формирањето на мрежата на групи кои ги водам (над 25), целта ми беше афирмација на македонската национална солидарност, подигање на нашата самосвест, помош, информирање и надпартиско обединување на сите Македонци.
Во овие идеи се вложив максимално и многу кои ја пратат мојата работа го препознаа тоа и од срце им благодарам.
Се надевам дека Бог ќе ми помогне да заживее барем еден дел од она кон што се стремам.
Можете и сами да видите дека има многу хејтери на кои им пречи сето ова од различни причини, а 99 посто од тие не ги познавам лично.
Во Швајцарија на “големите” им одговара матната вода, а оваа група ја избиструва, па оттука и целата таа омраза кон мене и мојата главна група, напиша Дејан, а потоа објави уште една вест:
-Почитувани сега ми јавија дека уште еден весник ја преземал мојата објава, но дури и се дрзнале да стават моја фотографија од мој приватен албум.
Ве молам ако има овде правни лица пошто е касно, не сакам да вознемирувам, за одговор.
Дали смеат да користат моја фотографија или во Македонија се е дозволено.
Веќе имам сериозни закани поради овие јавни објавувања на моето име, презиме и дури мои фотографии.
А во продолжени и текстот на Дејан Камчев, поради кој се крена многу прашина:
Почитувани
Намерно понекогаш ќе дозволам некоја објава против групата за да видам како размислуваат нашите Македонци.
Не сме помагале, та не сме помагале, Албанците, Србите, Босанците…. Сите се подобри само ние не.
А еве јас да прашам нешто?
Јас сум креатор и администратор на оваа група и заради оваа група си го доведов семејството на раб на егзистенција верувајќи во празни ветувања, ќе направиме ова, ќе направиме она …. И на крај ништо.
Јас имам Швајцарски пасош, немам работа бидејки моето време си го посветив на Вас, Македонската заедница!!!
Имав случаи на вреѓање, закани, псуење заради заштита на правдата и вистината.
Каде се сега сите тие на кои групата им помогнала, барем да ме подржат?
И јас мислам дека оваа група да беше Албанска или Српска и да се жртвував за нив на раце ќе ме носеа, а овде повеќето ми љубоморат на она што тие си го мислат, а не знаат која цена ја платив за ова. Па има и такви што ме мразат, а не ме ни познаваат и дури некои дрски одат до крајност со закани, навреди ….
Е мои Македонци, Ви благодарам и јас Вам.
Без зборови сум колку сте фрустрирани.
Нека каже барем еден кој ми помогнал, а не сум му се реванширал или сум му останал должен.
Тогаш ќе прифатам дека групата не помага.
Имам пораки од илјадници луѓе кои не ги познавам или никогаш не сме биле реални пријатели и во сите некој бара нешто од мене.
На многу, многу од нив им излегов во пресрет.
Истите тие овде под 25 фр. на саат не губат ни минута, и после тоа ме бришат од пријатели, као треба да бидам дури и благодарен што сум помогнал!
Вие сте 45.000 јас сум еден. И се трудам максимално за оваа заедница, а мојата фамилија е во право дека залудно сум изгубил 10 години, кога гледаат како само плукате и секогаш кога ми треба барем морална поддршка, никогаш не сум ја добил.
Најдобро е кога секогаш другиот е крив, повелете плукајте и понатаму, јас сум овде нема да се тргнам.
Ви Благодарам