BBC наеднаш ја прекина програмата, се емитуваат вонредни вести – стотици граѓани веќе започнаа да се собираат пред кралскиот дворец













BBC One ја прекина целата своја редовна програма најмалку до 18 часот.

Медиумската корпорација ја донесе оваа одлука да го прекине своето редовно емитување на „Би-Би-Си Еден“ поради веста за здравјето на нејзиното височество Елизабета Втора.




Емитувањето е прекинато за да се информираат гледачите дека лекарите на британската кралица се загрижени за нејзиното здравје, соопшти Бакингемската палата.

И таму почнаа да се собираат граѓани, загрижени за здравствената состојба на кралицата.




Во меѓувреме и другите светски медиуми започнаа да одат во живо од Лондон, но и од замокот во Шкотска каде претстојува таа во моментов.

Кралското семејство се собира во шкотска по веста за влошеното здравје на кралицата

Кралското семејство се собира во шкотскиот дворец Балморал откако беше потврдено дека здравјето на Елизабета Втора се влошило. Бакингамската палата објави дека 96-годишната кралица од утрово е под постојан медицински надзор поради сериозните грижи за нејзиното здравје, без да изнесе детали.

Во кралската резиденција во Балморал веќе пристигнале децата на кралицата, Чарлс, Ендрју, Едвард и Ен, како и внукот, принцот Вилијам, а најавено е и доаѓањето на принцот Хари и Меган Маркл, кои беа во Германија.

Бакингамската палата ретко се огласува за здравјето на кралицата, па денешната објава, велат добрите познавачи, е знак дека ситуацијата е многу сериозна. Оттаму додаваат дека кралицата засега останува во својот дом во Балморал.

„Палатата вообичаено не дава информации за здравјето на кралицата, освен ако не е значајно. Затоа оваа објава дава основа за загриженост“, изјави кралскиот експерт Роберт Хардмен.

Би-Би-Си, кој ја прекина редовната програма, објави дека Бакингамската палата не планира наскоро да каже ништо повеќе.

Грижите за здравјето на кралицата се појавија во октомври минатата година, кога таа откажа планирано патување во Северна Ирска. Оваа година не присуствуваше на бројни настани поради проблеми со движењето, а во меѓувреме го прележа и ковид-19.

error: Content is protected !!