Во полицискиот билтен во текот на вчерашниот ден се регистрирани неколку случаи на врсничко насилство. Имено натепани се ученици во дворот на основни училишта во Велес и Битола, од страна на нивни соученици како и неколку случаи во кои малолетници тепале други лица.
Вчера во 13.30 чaсот С.З.(50) од Велес пријавил дека околу 11.30 часот во Велес во кругот на основно училиште неговата малолетна ќерка била физички нападната од друг малолетник. Се работи на расчистување на случајот.
Во 19.00 часот во СВР Битола било пријавено дека на 06.09.2022 околу 21.00 часот и на 07.09.2022 во двор на основно училиште во Битола двајца малолетници биле физички нападнати од неколку нивни соученици. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Пред училиште во струмичкото село Баница била нападната и М.Т.(49) од с.Баница од С.Т. од истото село. Струмичката полиција работи на расчистување на случајот.
Вчера во 18.25 часот А.Џ.(30) од Гостивар, пријавила дека околу 16.40 часот во Гостивар на ул.”Димитар Влахов” нејзината малолетна ќерка била нападната од три малолетни лица од кои две женски и едно машко лице. Се работи на расчистување на случајот.
Ш.И.(35) од с.Трубарево-скопско пријавил дека околу 17.45 часот во с.Трубарево неговиот малолетен син бил физички нападнат од страна на две малолетни лица, негови соученици. Се работи на расчистување на случајот.
А.А.(18) од Скопје пријавил дека околу 16.30 часот во Скопје на подрачјето на Шуто Оризари тој и неговиот брат биле физички нападнати од неколку малолетни лица. Се работи на расчистување на случајот.