Британската кралица Елизабета Втора (96) е во лоша здравствена состојба.
Таа е под постојан медицински надозор, а лекарите се загрижение за нејзиното здравје.
Во замокот во Балморал каде што се наоѓа кралицата веќе пристигнаа престолонаследникот принцот Чарлс, принцот Вилијам и другите членови на кралското семејство.
Принцот Хари, според пишувањето на британските медиуми, е на пат за Балморал, но без сопругата Меган меркл. Во Виндзор остана и сопругата на принцот Вилијам, војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон.
Годинава кралицата Елизабета го прослави јубилејот 70.години на британскиот престол.
На социјалните мрежи се појави монтажа објавена наводно од „Би Би Си“, каде се тврди дека кралицата е почината. Оваа вест е лажна!
Кралицата под медицински надзор во Балморал
Кралицата е под медицински надзор во Балморал, откако лекарите се загрижија за нејзиното здравје, соопшти Бакингемската палата.
Сите деца на кралицата се собираат во нејзиниот шкотски имот во близина на Абердин.
„По дополнителна проценка утрово, лекарите на кралицата се загрижени за здравјето на нејзиното височество и препорачаа таа да остане под медицински надзор“, се вели во соопштението.
Кралицата е „удобна“, се додава.
Многу е невообичаено Бакингемската палата да даде ваква изјава – обично не сака да даде коментар за медицинските работи на 96-годишниот монарх, кои се сметаат за приватни.
Нејзиниот син, принцот Чарлс, е во Балморал со неговата сопруга Камила, војвотката од Корнвол.
Нејзиниот внук, војводата од Кембриџ, другите синови, војводата од Јорк и грофот од Весекс, и неговата сопруга Софи, грофицата од Весекс, пристигнаа на аеродромот во Абердин нешто пред 16:00 часот БСТ.
Принцот Вилијам ги возеше сами во автомобил заедно до шкотскиот имот на кралицата, патување од околу 64 километри.