(ФОТО) Заев сподели заедничка фотографија со кралицата Елизабет: Почивајте во мир Ваше височество









Британската кралица Елизабета Втора почина во Балморал на 96-годишна возраст. Таа помина 70 години на престолт. Кралското семејството пристигна да биде покрај неа бидејќи таа беше во сериозна здравствена состојба. Илјадници луѓе се собираат пред Бакингемската палата

Почина британската кралица Елизабета Втора на 96 годишна возраст, откако беше под медицински надзор во Балморал поради нарушено здравје, соопшти Бакингемската палата.




Телеграми со сочувство пристигнуваат од владите од целиот свет. Кралицата Елизабета беше најдолго на престолот во британската историја, таа стана кралица во 1952 година.

На социјалните мрежи жалење за загубата изрази и Зоран Заев, поранешниот премиер на Македонија, кој сподели и заедничка фотографија со кралицата.




-Нејзиното височество Елизабета II ни беше домаќин на приемот за време на НАТО самитот во Лондон во 2019 година.




Нејзините мудрост и капацитет изминативе 70 години беа водилка за многу светски лидери, а сигурен сум дека ќе инспирираат уште многу државни и полтички водства во времињата кои доаѓаат.

Почивајте во мир Ваше височество. Ви благодариме за сѐ што Вие и Обединетото Кралство направивте како поддршка на интегративниот пат на Северна Македонија.

error: Content is protected !!