По смртта на кралицата – се менува химната на Велика Британија









Велика Британија вечерва започнува нова ера откако беше објавено дека кралицата Елизабета Втора починала на 96 години во својата резиденција во Балморал во Шкотска. Тажната вест од Бакингамската палата уследи само неколку часа откако беше објавено дека здравјето на кралицата е влошено.

Во првите 24 часа по смртта на неговата мајка, Чарлс и официјално ќе биде прогласен за крал. Ова се случува во палатата Сент Џејмс во Лондон, пред свеченото тело познато како Совет за пристапување.




Новиот крал официјално ќе биде познат како кралот Чарлс Трети, официјално е потврдено, објави Би-би-си.

Во моментот кога се прогласува смрт на кралицата, тронот веднаш и без церемонија поминува на наследникот Чарлс, поранешниот принц од Велс.




Но, постојат голем број практични – и традиционални – чекори низ кои тој мора да помине за да биде крунисан за Крал.

Бидејќи Чарлс го презема тронот, стиховите од химната „God Save the Queen“ се менуваат во „God Save the King“.




Сите стихови ќе останат исти, освен заменките и „кралицата“ ќе се заменат со зборот „крал“.

Покрај зборовите на националната химна ќе бидат променети, а ќе бидат испечатени и нови поштенски марки и валута што ќе го одразуваат искачувањето на принцот Чарлс на тронот.

error: Content is protected !!