ФОТО: Сообраќајна несреќа вечерва во Скопје





ФОТО: Сообраќајна несреќа вечерва во Скопје








Вечерва во населбата Лисиче, на раскрсницата кај крстот се случи сообраќајна несреќа, пишува Република.




Сообраќајот е во прекин и се врши увид.

Фото: Република

Повеќе од билтен МВР:

Извадок на дел дневните настани 08.09.2022

На 07.09.2022 на три локации на подрачјето на СВР Битола по преземени мерки и активности полициски службеници од СВР Битола ги лишиле од слобода Б.С.(22) и Е.А.(27), двајцата од Прилеп и Н.Н.(53) од с. Белче,демирхисарско затоа што биле затекнати како со возила превезувале огревни дрва без да поседуваат соодветна документација. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

На 07.09.2022 во 07.45 часот било пријавено дека во Скопје на крстосница од бул.“Партизански одреди“ со бул.“Св.Климент Охридски“ патничко моторно возило “алфа ромео“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.С.(41) од Скопје, удрило во електричен тротинет “топлајф“, управуван од С.Н.(40) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.Н., констатирани во болницата “Систина“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

На 07.09.2022 во 20.25 часот во Полициската станица Центар Љ.Т.(66) од Скопје, пријавил дека на ул.“Периша Савелиќ“ бил каснат од куче скитник.




На 07.09.2022 во 11.00 часот во Полициската станица Аеродром Н.Т.(73) од Скопје пријавил дека на бул.“Асном“ бил каснат од куче скитник.

На 07.09.2022 во 01.00 часот во Полициската станица Драчево М.М.(59) од Скопје пријавил дека на ул.“Иван Хаџиниколов“ бил каснат од куче скитник.

На 07.09.2022 во 17.45 часот било пријавено дека во Ресен на ул.“7-ма Македонска бригада“ патничко моторно возило “опел астра“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Г.Н.(35) од Ресен, удрило во велосипед управуван од Ѓ.М.(26) од Ресен. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Клиничката болница во Битола. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Ресен.

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (07.09.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.На територија на град Скопје изречени се вкупно 124 мерки, меѓу кои за користење мобилен телефон седум санкции, осум мерки за возење без возачка дозвола, седум санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли, 11 мерки за возење под дејство на алкохол, една санкција за минување на затворен сигнал (црвено светло)…

На 07.09.2022 околу 08.00 часот пријавено е дека на крстосницата од магистрален пат А-3 Ресен-Битола со крак од регионален пат Макази-Маркова нога се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „поло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.Ј.(67) од Скопје и мотоцикл „хонда“ со словенечки национални ознаки, управуван од Ф.С.(60) од Р.Словенија, на кој сопатничка била Б.К.(56) од Р.Словенија. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле Ф.С. и Б.К., кои им се констатирани во Клиничка болница – Битола, каде биле пренесени за укажување на лекарска помош. За настанот е известен Јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициска станица Ресен.




Во текот на вчерашниот ден (07.09.2022) во периодот од 15.00 до 20.00 часот спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возила кои непрописно престигнуваат на територијата на СВР Битола. При контролата санкционирани се 24 возачи. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци и ќе се соочат со законски предвидените глоби.

На 07.09.2022 околу 13.20 часот пријавено е дека на регионалниот пат Берово-Струмица во атар на с.Двориште, се случила сообраќајна несреќа помеѓу моторцикал „БМВ Р1250“ со словенечки национални ознаки, управуван од Т.В.В.(80) од САД и патничко моторно возило „форд фиеста“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.Н.(45) од Скопје. По несреќата, Т.В.В. е пренесен во Здравствен дом Берово, каде му се констатирани тешки телесни повреди. За настанот е запознаен Јавен Обвинител, а увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Берово.

На 08.09.2022 во 02.00 часот пријавено е дека товарен воз кој сообраќал на релација Табановце-Гевгелија на потегот од железничката станица Неготино кон железничката станица Дуброва удрил во Р.У.(64) од Неготино, кој се движел пеш по пругата. Р.У. починал на местото на настанот. За настанот е известен Јавен обвинител, а увид на местотото на настанот извршила екипа од ОВР-Неготино.

Во периодот од 18.00 часот на 07.09.2022 до 06.00 часот на 08.09.2022 година за време на одржување на музички настан во градски парк во Струмица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица ги лишиле од слобода С.С. (26), Д.С. (20), Г.Б. (28), М.А. (45), А.С. (24), А.М. (25) и А.Б. (28), сите од Скопјe, Џ.Б. (40) од Струмица и А.А. (19) од Кавадарци.При преглед над лицата била пронајдена и одземена марихуана, прашкаста материја, таблети… По целосно документирање на случаите против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Денеска (08.09.2022) во периодот од 05:00-09:00 часот на територијата на СВР Битола спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санционирани се 34 возачи. Од нив 24 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 10 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

На 07.09.2022 околу 17,15 часот во СВР Скопје било пријавено дека во трговски центар на подрачје на Гази Баба, 16-годишник од с.Буковиќ, скопско кој бил забележан од вработените и обезбедувањето на трговскиот центар дека извршил кривично дело „кражба“, при обид за бегство, како што е пријавено, скокнал од височина и паднал, при што се здобил со тешки телесни повреди кои му биле констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.




На 07.09.2022 во 23,50 часот во Полициска станица Битола 27- годишна жена од Битола пријавила дека околу 21.00 часот во Битола по меѓусебно недоразбирање била физички нападната од Б.М.(со кого по нејзино кажување била во љубовна врска), неговата сопруга и неговиот син. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 07.09.2022 во 20.00 часот во Полициска станица Прилеп А.М.(45) од Прилеп пријавила дека околу 17.45 часот во Прилеп била физички нападната од В.О. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 08.09.20221 во 01,50 часот во Полициска станица Струмица е пријавено дека во Струмица В.Т.(20) од с. Дабиље, струмичко физички го нападнал Ѓ.Д.(18) од с. Банско, струмичко. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 07.09.2022 во 11.30 часот во СВР Струмица Д.Р.(45) од с.Василево, струмичко пријавил дека околу 09.00 часот од нејзиниот двор во с.Василево по претходно недоразбирање и била одземена запрежна кола од нејзините соседи Ф.Г. и Е.Г.(женско лице). Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 07.09.2022 во 20.30 часот во Полициска станица Струмица М.Т.(49) од с.Баница, струмичко пријавила дека околу 16.30 часот пред училиште во с.Баница била физички нападната од С.Т. од с.Баница. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 07.09.2022 година во 18,15 часот, во СВР Охрид пријавен е нарушен јавен ред и мир на улицата ,,Димитар Влахов“ во Охрид. со предизвикување и учество во тепачка помеѓу Е.Н.(56), Д.Н.(52) и С.Н.(23), сите од Охрид. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 08.09.2022 година во 02.30 часот во ОВР Струга приведен е Б.Д.(41) од струшкото село Ливада. При преглед претходно извршен пред ноќен клуб во Струга, полициските службеници пронашле и одзеле метален остар предмет. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 07.09.2022 во 15.30 часот Ф.Б.(29) од Свети Николе пријавил дека во Скопје на бул.“Мајка Тереза“ во продажен објект бил физички нападнат од едно женско лице. Се работи на расчистување на случајот.

На 07.09.2022 во 07.45 часот А.Х.(20) од Скопје пријавил дека околу 06.30 часот во Скопје во автобус на ЈСП бр.20 на автобуската постојка на Бит Пазар, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат од лице кое се претставило како контролор. Се работи на расчистување на случајот.

На 08.09.2022 во 01,00 часот во ОВР Прилеп, А.К.(38) од Прилеп пријавил дека на 07.09.2022 околу 20,00 часот пред неговиот дом во Прилеп по претходно недоразбирање помеѓу неговиот син и уште едно лице, пријавителот А.К. и неговата сопруга биле физички нападнати од неколку лица(кои неговиот син ги познавал) кои употребиле нож и тврди предмети. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 07.09.2022 околу 21,00 часот на место викано „Лисец“ кон с.Лески,виничко од полициски службеници од ОВР Виница е лишен од слобода В.Ј.(55) од Виница, а на 08.09.2022 на граничен премин „Табановце“ од полициски службеници е лишен од слобода и Б.М.(60) од с.Градец,виничко, затоа што пријавените заедно со уште едно лице на 07.09.2022 во виничко со патничко моторно возило „мазда“ без регистарски ознаки превезувале огревни дрва без соодветна документација, при што Б.М. и уште едното лице со возилото удриле во полициските службеници и се дале во бегство. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 07.09.2022 во 20,45 часот во Полициска станица Карпош, вработена во аптека на подрачје на Карпош, Скопје пријавила дека едно лице со закана одзело пари од дневниот промет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 07.09.2022 во 19.45 часот Ш.И.(35) од с.Трубарево-скопско пријавил дека околу 17.45 часот во с.Трубарево неговиот малолетен син бил физички нападнат од страна на две малолетни лица, негови соученици. Се работи на расчистување на случајот.

На 07.09.2022 во 19.00 часот во Полициското одделение Сарај било пријавено дека бил пронајден А.С.(86) од с.Рашче кој на 06.09.2022 бил пријавен дека се оддалечил од домот.

На 07.09.2022 во 19.30 часот А.А.(18) од Скопје пријавил дека околу 16.30 часот во Скопје на подрачјето на Шуто Оризари тој и неговиот брат биле физички нападнати од неколку малолетни лица. Се работи на расчистување на случајот.

На 07.09.2022 во 10.00 часот во Полициската станица Карпош В.П.(67) од Скопје пријавила дека на ул.“Иван Цанкар“ била касната од куче скитник.

На 07.09.2022 во 13.30 чaсот С.З.(50) од Велес пријавил дека околу 11.30 часот во Велес во кругот на основно училиште неговата малолетна ќерка била физички нападната од друг малолетник. Се работи на расчистување на случајот.

На 07.09.2022 во 18.25 часот А.Џ.(30) од Гостивар, пријавила дека околу 16.40 часот во Гостивар на ул.“Димитар Влахов“ нејзината малолетна ќерка била нападната од три малолетни лица од кои две женски и едно машко лице. Се работи на расчистување на случајот.

На 07.09.2022 во 17.45 часот полициски службеници од СВР Тетово во с.Пирок-тетовско го привеле со судска наредба С.Р.(37) од с.Пирок за издржување на затворска казна, по што бил спроведен во КПУ-Тетово во Тетово.

На 08.09.2022 во 00.10 часот во казино на ул.“Илинденска“ во Тетово полициски службеници од СВР Тетово ги привеле М.Н.(36) и Г.Г.(52) двајцата од Р.Албанија, поради непријавен престој на подрачјето. Тие се задржани во полициската станица Тетово за понатамошна постапка.

На 07.09.2022 во 18.30 часот на ул.“Гоце Делчев“ во Гостивар полициски службеници од ОВР Гостивар го привеле А.А.(49) од с.Ростуше-гостиварско поради тоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосното документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 07.09.2022 во 18.40 часот било пријавено дека во Тетово на ул.“Маршал Тито“ возило удрило во мопед со тетовски регистарски ознаки, управуван од З.Б.(25) од Тетово, по што возилото го напуштило местото на настанот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, констатирани во Клиничката болница во Тетово. Извршен бил увид од увид екипа од СВР Тетово.

На 07.09.2022 во 20.00 часот било пријавено дека во Тетово на ул.“120“ по претходна расправија дошло до нарушување на јавниот ред и мир со меѓусебна пресметка помеѓу три женски лица А.А.(23), Е.А.(26) и Ј.З.(19) сите од Тетово. По целосното документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

На 07.09.2022 во 19.00 часот во СВР Битола било пријавено дека на 06.09.2022 околу 21.00 часот и на 07.09.2022 во двор на основно училиште во Битола двајца малолетници биле физички нападнати од неколку нивни соученици. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

error: Content is protected !!