Трамп во свој стил се прости од кралицата – имаше што да каже









Откако Кралицата почина вечерва, на 8 септември 2022 година, нејзиниот приватен секретар го информирал Премиерот – пропишани се зборовите „London Bridge is down“ – „Лондонскиот мост е урнат“.




Доколку сите го следат протоколот, престолонаследникот, принцот Чарлс, ќе мора да се подготви за својот говор кој ќе го одржи пред народот како нов шеф на државата. Ќе следи комеморација во катедралата Свети Павле во Лондон.




Следните десет дена – до погребот на Кралицата – ќе мируваат сите активности на Владата. Сепак, протоколот „Лондон Бриџ“ продолжува. Секој ден е нумериран.




Поранешниот американски претседател Доналд Трамп ја нарече покојната британска кралица Елизабета Втора „голема жена“ која никогаш не правела грешки, објави Ројтерс.




„Кој може да биде поголем од она што го постигна? И тоа го правеше толку долго, толку добро и без грешки“, рече Трамп по повод смртта на 96-годишната Елизабета Втора.

error: Content is protected !!