Британската кралица Елизабета почина на 96 годни од животот, а ќе биде запамтена и како голем љубител на спортот и фудбалот.
Малку се знае за тоа кого поддржувала, но постојат две интересни верзии околу тоа.
Кралицата никогаш не сакала јавно да се истакнува за кого навива, бидејки сакала да остане неутрална во очите на цела Британија, но наводно му оддала тајна на еден од чуварите, на кој му се поверила дека поттајно ги симпатизира „чеканите“, или Вест Хем.
Приказната е од 2009 година кога објавија дел од медиумите, дека таа нејзина приврзаност кон Вест Хем, доаѓа поради тренерот на Вест Хем, Рон Гринвуд, кој клубот го водел до освојување на ФА Куп и Куп на обедници.
Според другата верзија, член на лабуристичката странка, Џереми Корбин, открил дека кралицата Елизабета, била голем фан на Арсенал.
Корбин, кој беше застапник на Северен Ислингтон од 1983 година, открил дека кралицата Елизабета го одбрала крунисувањето во 1953 година, во срцето на територијатана Арсенал, на „Upper Streat“. Tаа беше најавено и дека ќе го отвори стадионот „Емирати“ во 2006 година, но поради повреда на грбот, морала да се откаже од тоа.
Но дека кралицата има симпатии кон Арсенал, потврдува и поранешниот играч на „топчиите“, Цеск Фабрегас. Славниот Шпанец дури рече дека кралицата тоа сама му го открила.
„Се чини дека кралицата обожава фудбал и ни рече дека го поддржува Арсенал“, истакна Фабрегас пред неколку години, кога уште играше за Арсенал.