Сопственикот на Пинк Телевизија Жељко Митровиќ и Јутјуберот Богдан Илиќ, попознат како Бака Праше, со денови водат медиумска војна, сега Митровиќ објави документарен филм за Илиќ, а сега се огласија и од обвинителството.
Вишото јавно обвинителство во Белград му наложи на Првото основно јавно обвинителство да изврши проверки во врска со Б.И. и С.В. (директорот на неговата фирма) со цел да се утврди можното постоење на суштински елементи на кривичното дело даночно затајување, со оглед на тоа што информациите објавени во медиумите укажуваат на значителен диспаритет меѓу имотот на Б.И што го изложува и неговите приходи.
За таа цел, потребно е да се спроведе информативно интервју со овие лица.
Исто така, имајќи ги предвид медиумските извештаи, како и видеата емитувани на ТВ Пинк, во кои Б.И. шмркал супстанца слична на наркотична дрога и се пофалил со употребата на наркотици, потребно е да се изврши информативен разговор со Б.И. а на тие околности заради утврдување на околностите за евентуално извршување на кривичното дело Неовластено држење наркотични дроги.
Конкретно, потребно е Б.И. да наведе кога и каде се направени тие видеа, кој ги направил и за каква цел, како и од кого се добиени горенаведените супстанци.
Бака Прасе во голем проблем: Се огласија од обвинителството – поради оваа фотографија
