СТРАШНО: Деца во Скопје легнуваат на земја дури доаѓа автомобил – поради Тик Ток









Страшно, опасни и ниту малку наивно. Родителите треба итно да реагираат, пред да се случи трагедија која ќе биде голема загуба за сите.

Младината нема крај на лудостите, а најновиот предизвик кој се појави на Тик Ток, пристигна и во Македонија. Што се случува? Деца легнуваат на улица и снимаат колку секунди ќе издржат, додека автомобил доаѓа кон нив.




-Во Скопје децава имаат нов предизвик, легнуваат на сред улица и фората е кој ќе издржи што е можно подолго до доаѓањето на возилото. Припазете си ги децата и посоветувајте ги со време, апелираше еден скопјанец со цел ситуацијата да се свати сериозно бидејќи и децата и возачите се доведени во една незавидна ситуација.





Се претпоставува дека предизвиокот е поттикнат од „ТикТок“ за кој многумина родители алармираат да се забрани, – напиша Игор.

Сведоштво од страшната глетка и апел за брза реакција има и од Катерина.




-На Булевар Јане Сандански група од 10 деца, машки и женски, лежеа на сред булевар на коловозните ленти и се натпреваруваа кој подолго ќе издржи кога ќе надоаѓа возило.




Можете ли да замислите што се прават децата кога ќе ги пуштите на излегување или прошетка со друштво, со сета доверба дека размилуваат со главите…Страшна глетка, пострашна ситуација…

error: Content is protected !!