Вечерва околу 21 часот и 30 минути се судриле патнички и товарен воз меѓу Новска и Раиќ.
Товарен и патнички воз се судрија во околината на Новска. Има многу повредени.
„Околу 21 часот и 35 минути е добиена пријава дека патнички воз удрил во запрен товарен воз во градот Рајиќ. Сите служби за итна помош се на терен и им помагаат на повредените“, известија од ПУ на Сисак-Мославина. Несреќата се случила на околу 2 километри од станицата Рајиќ (Новска) кон Окучани.
На местото на несреќата се испратени екипи на итната медицинска помош, пожарникари, полиција, припадници на ХГСС, вработени во Хрватски железници, началникот на Штабот за цивилна заштита на Новска и началникот на Жупанискиот центар 112 Сисак.
Има повредени и загинати,- соопштуваат од Хрватски железници.
„Вечерва, 9 септември, околу 21:30 часот меѓу станиците Окучани и Новска, патнички воз бр. 2506 во товарен воз. Несреќата резултирала со жртви и тешки телесни повреди. Службите за итна помош се на местото на несреќата. Причината за несреќата ќе биде позната по истрагата. Возот 2506 сообраќал на релација Винковци – Новска.
ХЖ Путнички пријевост изразува сочувство до семејствата на загинатите“, напишаа оттаму.
Неофицијално дознаваме дека загинале машиновозачот и кондуктерот.
Доаѓа државниот врв
Како што дознаваме државниот врв веќе излегол на местото на несреќата. Доаѓа премиерот Андреј Пленковиќ, а со него ќе бидат и Олег Бутковиќ, Давор Божиновиќ, Вили Берош и Марин Пилетиќ, како и префектот Иван Целјак.