Очевидец на железничката несреќа во Хрватска: Повеќето се млади луѓе, страшни, болни









Во железничката несреќа што се случи вечерва кај хрватскиот град Новска, загинаа најмалку шест лица, а според очевидци, сцените се страшни, пренесе Нова.рс




Соговорникот на хрватскиот портал 24sata.hr вели дека живее во близина на местото каде патничкиот воз удрил во товарниот воз, па отишол и нашол страшна сцена:

„Живеам во близина. Дојдов таму половина час, главно млади луѓе. Изгледа страшно. Страшно, болно, морав да заминам од таму. Огромна трагедија, луѓето плачат, викаат… Ужас“, изјави за 24 sata.hr сведок на несреќата.




Да потсетиме, вечерва околу 21 часот и 30 минути источно од станицата Рајиќ кај хрватскиот град Новска се судриле два воза во кои според првичните информации загинале најмалку шест лица, а околу 10 се повредени.




Според првите информации, товарниот воз стоел на отворена пруга поради дефект, но машиновозачот на патничкиот воз, најверојатно, не гледајќи го сигналот, со голема брзина поминал на црвено светло и направил несреќа. Според неофицијални информации, патничкиот воз се движел со 120 км/ч, а се сомнева дека во еден од возовите имало бегалци.

Во судирот се превртеле локомотивата и еден вагон на патничкиот воз, а поради непристапниот терен во извлекувањето на луѓето од хаваријата на возот учествувала и Хрватската планинска спасувачка служба.




Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ пристигна на местото на несреќата и се очекува наскоро да и се обрати на јавноста.

error: Content is protected !!