Босанецот Џеко против својата Федерација: Кажав, не сакам да играм со Русија – тие се агресори









По Миралем Пјаниќ, незадоволство од одлуката на Фудбалскиот сојуз на Босна и Херцеговина да закаже пријателски натпревар со Русија, изрази и капитенот на селекцијата Един Џеко.




Одлуката на ФС на Босна и Херцеговина да ја посети Русија во ноември беше осудена од локалната јавност, а прв се огласи Миралем Пјаниќ.

Дури и капитенот Един Џеко не се двоумеше да го искаже своето несогласување со оваа одлука.




„Јас сум против да се игра овој натпревар. Јас сум секогаш и само за мир. Федерацијата го знае моето мислење. За жал, не сум јас тој што одлучува за тоа кој ќе игра Босна и Херцеговина, но имам свој став кој е јасен и кој не вклучува играње на оваа игра додека страдаат невини луѓе. Се солидаризирам со народот на Украина во овие тешки моменти“, изјави Џеко за klix.ba.

-Слушнав за одлуката на федерацијата. Водечките луѓе на федерацијата го знаат мојот став. Се јавија, ме прашаа што мислам за тој натпревар. Го кажав она што го мислам, а потоа бев изненаден од одлуката. Не е добра одлука! Јас сум без зборови. Кога репрезентацијата ќе почне да игра добро, секогаш нешто тргнува наопаку. Немам зборови. Во фудбалската федерација на БиХ го знаат мојот став. Само ќе кажам дека ова не е добро, -порача Пјаниќ за „Спортске.ба“.

Натпреварот меѓу Русија и БиХ треба да се одигра на 19 ноември, сам еден ден пред почетокот на СП во Катар.

error: Content is protected !!