Руските сили добија тежок удар: Украинците влегоа во стратешки важен град на истокот на земјата?










Ја преземаме контролата врз новите населби. Секаде го враќаме украинското знаме и заштитата на нашиот народ, рече Володимир Зеленски

Британското воено разузнавање во саботата објави дека украинските воени сили сега се закануваат на руската контрола врз градот Купјанск и дека неговото заземање ќе биде голем удар за Русија бидејќи градот се наоѓа на рутите за снабдување со Русија до боиштата во Донбас.




Белорускиот медиум Nexta на Твитер објави фотографија на која украински војници со украинското знаме во рацете позираат пред административниот центар во Купјанск.




Украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето секојдневно видео обраќање во петокот вечерта објави дека украинските сили зазеле повеќе од 30 градови и села во источна Украина во областа Харков.

„Постепено ја преземаме контролата врз новите населби“, рече тој.




„Секаде го враќаме украинското знаме и заштитата на нашиот народ“.

Тој посочи дека продолжуваат „жестоките борби“ во регионот на Донбас на истокот на Украина, како и на југот на земјата.

error: Content is protected !!