Мал интерес да се изучува македонскиот јазик на државниот универзитет. Разочарувачки се бројките од првиот уписен рок на Филолошкиот факултет Блаже Конески при Универзитетот Свети Кирил и Методиј. Само 8 студенти се запишале на отсекот Македонски јазик и исто толку на отсекот Македонска книжевност и јужнословенски книжевности. Раководителката на катедрата за македонски јазик Искра Пановска – Димкова причините за слабиот интерес кај студентите го наоѓа во повеќе фактори, пред се дисперзираните студии, вработувањата и воопшто слабиот интерес во светски рамки за факултетско учење на мајчиниот јазик.
-Првиот пад се се почувствува кога се отворија групи за македонски јазик на другите државни универзитети како Штип, Тетово, Битола. Едноставно се распрснаа студентите. Втората причина е нивното вработување а тоа ќе се решеше со донесувањето на Законот за Македонски јазик во кој имаше предлог дека во сите јавни институции треба да се вработи лектор.изјави – Иска Пановска – Димкова – Раководител на Катедра за Македонски јазик.
Професорот на Филолошкиот факултет и претседател на владиниот Совет за македонски јазик, Људмил Спасов, помеѓу останатите причини за ваквите бројки го гледа и во застарените програми но и намалувањето на младите луѓе кои остануваат во земјава..
Потребни се нови наставни програми кои што ќе обединуваат. Значи не само македонски јазик, туку со нешто друго, не само албански или турски туку комбинација кои ќе ја прошират можноста за стекнување на знаење но и за вработување по завршувањето на студиите. Но и на многу факултети низ нашата земја се отворија групи за македонски јазик кои што едноставно придонесоа за одлевање на студентите,изјава – Људмил Спасов – Професор на Филолошки факултет.
Дека е краен момент нешто серизоно да се преземе се согласни и Пановска Димкова и Спасов. Но во ситуација кога интересот за студирање на Македонски јазик незначителен а малкуте надежи се вперени во вториот и третиот уписен рок, сметаат дека државата мора да донесе национална стратегија.
-Истовремено таа е поврзана со донесувањето на новиот Закон за Македонски јазик, тие треба да бидат едноставно испреплетени и работите што се однесуваат на македонскиот јазик конечно практично да се применат а не да остануваат само на хартија и не интересот да биде исклучиво кампањски, кога е некој празник или кога имаме мал број на запишани студенти,изјави – Иска Пановска – Димкова – Раководител на Катедра за Македонски јазик.
-Крајно време е ние да ја направиме. Мораме на таков начин да ги поттикнеме. Точно е дека државата презема чекори, на пример еден од чекорите е давање на стипедија. Но и тоа бара определ успех. Факултетот е пазар, пазар на науката и на знаењата. Во пазарот треба да поминат само оние кои се најуспешни,изјави – Људмил Спасов – Професор на Филолошки факултет.
Годинава мал е интересот и за Албански јазик, но и италијански, германски, француски и руски. Најголем интерес со запишани над 100 студенти има за англиски јазик.
Со години наназад опаѓа интересот за упис на студенти за упис на Филолошкуиот факултет на македонски јазик. Но годинава бројките се поразителни. Само 16 студенти во првиот рок се запишале на Македонски јазик и книжевност.